Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ја продолжи 17. седница на чиј дневен ред останаа неколку предлог-одлуки.
Членовите треба да расправаат по Предлог – дополнувањето на Одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и да ги утврдат предлог-одлуките за дополнување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на РМ, како и за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда 23 Октомври.
Комисијата треба да ги утврди и предлог – одлуките за именување претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и за избор на директор на Оперативно – техничката агенција.
На седницата треба да се утврди и предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија. (МИА)