• Latest
Добро утро со Орданоски

Сега е и официјално: Лаже, опасно!

December 7, 2020
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Украина ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир ако обезбеди прекин на огнот со Русија

October 9, 2025
Илустрација ВИ

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

October 9, 2025
Фото: Астра/Телеграм

Пожар избувна во најголемата гасна постројка во јужна Русија по напад со дронови

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Сега е и официјално: Лаже, опасно!

December 7, 2020 07:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Да се најдете, со име и презиме, во официјален документ на Европскиот парламент за „Мапирање на лажните вести и дезинформациите на Западниот Балкан“ е лошо. Но, да ве сместат во иста реченица со една класична десничарска будалетинка (која, на пример, упорно тврди дека земјата е рамна) и со човекот кој е европски синоним за пребеган политичар-криминалец – би требало да е вистинска катастрофа за некој кој се амбицира да претставува, па дури и да биде политички и идеолошки лидер на значаен дел од македонското гласачко тело.

Тоа за нас не е ништо ново, а не верувам дека ниту во Стразбур или во Брисел некој е особено изненаден. Него, се разбира, мува не го лази.

Дури, ова неславно европско „признание“ веројатно гордо го има закачено на реверот како конечна „иницијација“, потврда за припадноста кон своите поддржувачи дека, сега веќе, без резерви треба да го прифатат како легитимен анти-западен борец за „вистината за Македонија!“… Оти, и тие не се сигурни дали и нив не ги лаже повремено или постојано.

Да потсетиме, овој „медал од тиква“ му е доделен за (цитирам): „дезинформациски кампањи… за поттикнување внатрешни конфликти“, за „нарушување на меѓународните односи на Северна Македонија“ и за „нарушување или искривување на критичните гласачки процеси“.

Со вакви квалификации за неговото лидерско портфолио добро е што „предварително“ не е повикан во Хаг!

Но, во тоа е жалната поента: тој силно се труди, еден ден, и тоа да го заслужи. Како?

Омразата што секојдневно и со години, лично ја шири нашиот европски „лауреат“ е еден од клучните фактори за создавањето длабоки поделби во македонското општество. Од неговата и од „устата“ на неговата наследена, валкана пропагандна машинерија (во истиот извештај, по име и презиме се наведени ударните тупаници на таа индустрија за секојдневно производство на лаги: порталите „Курир“, „Инфомакс“, „Република“ и ТВ „Алфа“) се стреми кон тоа не само да се оправдаат насилствата, вознемирувањата, криминалите, клеветите и компромитациите на сите кои не мислат како нив во минатото, туку со закана и повици дека е дојдено време за слична употреба на насилни средства повторно да се преземе власта во државата, пак преку улица, со пена на устите и закрвавени очи за прогласување велепредавства на „националните интереси“.

Не е ни важно што приказнава денес, во практика, им е сведена на неколку стотини радикали и една дузина не многу кадарни партиски функционери околу лидерот. Важно е што тоа чувство на омраза („поттикнување внатрешни конфликти“) длабоко им го всадуваат во душите и во главите и на илјадници помлади членови и симпатизери на нивната партија чиј „вредносен систем“ е толку отруен од постојаната поплава од лажни вести и дезинформации, што е тешко со нив да водите каква било разложна дебата.

На пример: иако две европски влади официјално го демантираа тврдењето на партијата на „медалоносецов“ дека дале поддршка за бугарското вето во Брисел, партискиот канта-тропа систем за пропаганда веќе на големо ја прослави и таа лажна вест за блокирањето на Македонија на патот за евро-интеграцијата. Мислите дека демантот ќе ги стигне, а и дека нешто ќе им значи на армијата заслепени фејсбук-ботови кои се самозадоволуваат на тастатурите на своите компјутери и мобилни телефони со пцуењето и колнењето на нормалниот свет што не се труе од фонтаната на ова партиско зло?

Така што, не е проблемот само што човекот и официјално е прогласен за лажго. Со таква мизерна и, во суштина, кукавичка стратегија тој секако нема ништо добро да направи за партијата што ја предводи. Но, проблемот е што со своите манипулации и демагогија секојдневно го полева „пирејот на злото“ кој, и кога дезинформаторот ќе го нема во политиката, ќе продолжи да вирее и да го разјадува демократскиот систем и довербата меѓу граѓаните политиката да не ја разбираат како борба на живот и смрт во која треба да се убие противникот, за да се освои власта.

Тој говор на омраза ќе биде неговата единствена, опасна оставина во политичката историја на Македонија по што најдолго ќе се памети.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ