• Latest

Секаде каде што има услови ќе се попишува на отворено или пред вратите на становите, преку апликацијата досега самопопишани 51.934 лица

March 14, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Секаде каде што има услови ќе се попишува на отворено или пред вратите на становите, преку апликацијата досега самопопишани 51.934 лица

March 14, 2021 09:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри.

Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести. Протоколот е утврден, но зголемувањето на бројот на случаите на новозаболени од Ковид-19 изминатите денови го отвори и прашањето дали предвидените мерки во него се доволни за заштита на граѓаните.

Дел од граѓаните стравуваат да ги пуштат попишувачите дома поради зголемениот број на заразени, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за септември.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вчера за Телма изјави дека попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.

-Ако постојат услови тоа може да се организиран преку куќните совети. Ние нема да влегуваме во становите, да мериме должина на ѕидовите, квадратура на проториите. Ќе гледаме на сите можни начини да имаме помали контакти со луѓето. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, изјави Симовски.

За теренското попишување, кое треба да стартува на 1 април, директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ во интервју за МИА нагласи дека е донесен Протокол, во кој детално се обработени мерките и кој, како што рече, обезбедува апсолутно сигурни услови за спроведување на операцијата.

– Колку што јас го знам, а го знам до детали протоколот и гарантирам негова ефикасност во смисла на обезбедувањата, не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите или не секако, но исто така верувам дека ако се плашат граѓаните, можеби сега, знаете како е, сепак зборува – еден бел мантил тука кој 13 месеци се бори со Ковид-19 и имаше прилика да види различни состојби. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од Ковид инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата. Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис, нема да имаме никаков проблем, вели Стевановиќ во интервјуто за МИА.

Нагласи дека Комисијата за заразни болести е високо професионален тим на стручњаци со различни специјалности и токму тие го изготвиле Протоколот за спроведување на пописот и тоа следејќи ги сите фази на процесот на попишување, од тестирање, преку обучување до спроведувањето на терен, вклучувајќи со посебни дополнителни мерки и за оние, за онаа популација која ќе биде во изолација или ќе биде заболена.

Стевановиќ вели дека најдетално се опфатени сите движења, сите возможни комуникации за време на пописот или на секоја една фаза од процесот на целиот попис.

-Така што со преземање на соодветни мерки кои се и предвидени за секој момент и на движење во време на пописот апсолутно верувам дека се обезбедуваат максимални услови за минимизирање на какво било ширење на инфекцијата понатаму, истакнува Стевановиќ во интервју за МИА.

Мерките за теренското попишување предивдуваат и задолжително носење заштитна маска (КН95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето, задолжително одржување на пропишаната дистанца од 1,5-2 метри, забрана за вадење, поместување и менување на заштитната маска за цело времетраење на попишувањето во домот.

Содржи и забрана за пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот, предвидено е користење на средства за дезинфекција на рацете пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството, надворешна дезинфекција на лап-топот пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството, пред влегување во домаќинството задолжително попишувачот да стави каљачи на обувките.

Одложување на пописот нема да има. ДЗС излезе со соопштение во четвртокот во кое ги отфрли пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на пописот поради состојбата со корона вирусот.

-Заводот забрзано се подготвува за теренските пописни активности кои се одвиваат во согласност со планираните рокови. Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот, нагласи ДЗС.

Според последните податоци на ДЗС од вчера во 10:00 часот преку апликацијата за самопопишување евидентирани се 51 934 лица.

Со порака за пописот вчера излезе и шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој посочи дека изминале првите десет дена од пописот, во кој првпат е опфатена и нашата дијаспора.

Османи во видео изјава објавена на неговиот Фејсбук профил напомена дека  апликацијата функционира едноставно, со што околу 50 илјади граѓани се самопопишани во првите десет дена, а амбасадите низ целиот свет се ангажирани да направат акциски планови за да можат да стигнат до секој граѓанин.

-Министерството за надворешни работи е посебно ангажирано во овој процес има отворено посебни телефонски линии опремени со најсовремените дигитални алатки ватсап/вајбер за да може граѓаните од која било точка на планетава да се обратат. Информациите се достапни на веб страната на МНР и на веб страните на нашите амбасади, рече Османи.

-Во Рим имавме исклучително добри посети. Се сретнавме со наши граѓани и со здруженија на граѓани. Луѓето се посебно заинтересирани за пописот, но и воопшто за враќање на врските во земјата. Следната недела заминуваме за Берн и Шпанија. Затоа е важно да им обезбедиме на луѓето информации, да ги слушаме, да бидеме трпеливи. Луѓето ќе го ценат тоа, а и целиот овој процес е важен за сите нас, истакна министерот за надворешни работи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ