• Latest

Секирарски: Различните култури и влијанија во Бали се инспирација за истражување на професионалните граници

September 23, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Секирарски: Различните култури и влијанија во Бали се инспирација за истражување на професионалните граници

September 23, 2022 10:20
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Познатиот македонски дизајнер Ненад Секирарски кој  веќе шест години работи на островот Бали, во интервју за ЦИВИЛ Медиа раскажа раскажа за неговата потреба да ја истражи професионалната граница, за различностите на жителите на Бали, инспирацијата која ја црпи од нивниот стил на живеење и облекување. Тој е познат по женските елегантни фустани, но сега дизајнира и машка и детска колекција. На Бали рамноправноста вели е изразена до тој степен што и жените работат како ѕидари. Не му робуваат на материјалното, интровертни се и си го гледаат својот живот. Просечната плата од 300 евра половина ја трошат, а половина ја заштедуваат.

Потребата да се истражувам себе си, да ја истражувам својата професионална граница. Поканата од КТЗ, позната лондонска модна куќа, да работам на развој на нивната колекција дојде во вистинско време. Локацијата беше случајна, тие тука работеа веќе со години. Јас дојдов и станав дел од тимот.

Самиот живот тука е прилично меѓународен. Луѓето што живеат овде доаѓаат од различни култури и влијанија. Ретко работам со луѓе од Бали. Нивниот живот е прилично повлечен. Тие се припадници на хинду религијата, значи е прилично интровертна иако работат со странци имаат потреба својот живот да го држат за себе. Скромни се и немаат потреба за материјални нешта, вели Секирарски.

Самите Балежани се прилично традиционални и имаат прилика за свечени прилики да се облекуват во традиционална облека. За жените тоа најчесто е сараоки чипка, за мажите сараоки кошула. Тоа го носат и за свадби и други случувања, понекогаш дури и на работа се облечени во традиционални облеки.

Главните церемонии за кои вложуваат пари се венчавката и смртта (раѓањето во новиот живот) бидејќи тие веруваат во задгробен живот. Мојата работа тука е развој на производи за  различни брендови. Пристапувам во момент кога некој има некаква идеја, но не знае точно како да ја реализира. Со самото мое искуство подеднакво како во шаблони така и во дизајнот помагам нештата да добијат реален изглед и да бидат конкурентни на пазарот. Предизвикот да работам за КТЗ на машка мода и тоа улична мода, во голема мера ми помогна да се осознаат себе си во тој аспект, и да работам со клиенти кои имаат поширока палета на производи. Ако претходно бев дизајнер на женска елегантна облека, сега тоа е проширено и во делот на машката облека и во делот на детската облека, посочи Секирарски.

Глобалната економска криза се чувствува и на Бали, според Секирарски, кој вели дека таму животните трошоци се мали, и покрај малите приходи.

Просечна плата тука е 300 евра. Но, трошоците за живот се многу поевтини. Со половина плата може да се изнајми соба за живот , да се платат режиските трошоци, храна, остатокот можат да останат за некаква заштеда. Нормално, со почетокот на пандемијата островот беше затворен немаше туристи. Последните 6 месеци се чувствува големо влијание од туристи и домашни и странски, Австралија е блиску.

Што се однесува до инфлацијата, се чувствува како и секаде во светот. Индонезија е земја која има сопствен гас и нафта, цените на пазарот се зголемуваат па и тука тоа влијае. Мора некои работа поскромно или со ум да се прават, вели.

Во однос на безбедноста, дискриминацијата и човековите права на Бали, Секирарски вели дека дискриминацијата е на најниско ниво, земјата е безбедна, а човековите права се почитуваат.

Што се однесува до некаков тип на дискриминација, баш и нема. Лесно може да се сретне секаков профил на луѓе, луѓето имаат потреба да си го гледаат својот живот и својата работа.

Полиција баш и не може да се види на секој чекор, но ако има потреба секогаш се тука. Безбеден е животот тука. Заради климата сите се надвор, во кафичите, на планина, на плажа и сето тоа олеснува да има поголема гужва. Населението е 4,5 милиони и за викенд особено се чувствува.

Сите имаат  право на образование на здравствена заштита, болниците се одлично опремени, што се покажа со пандемијата, одлично се снајдоа. Сите моравме да примиме вакцини. Имаше јака контрола ако некој е заболен да се среди тоа на најбезболен начин.

На сите работни места можат да се видат и мажи и жени. Можат да се видат работници на улица, ѕидари и мажи и жени.

Разговорот го водеше Александра Велинова

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ