• Latest
Зиадин Села (фото: ЦИВИЛ)

Села повторно лидер на Алијанса за Албанците, најави победа на изборите

February 18, 2024
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Села повторно лидер на Алијанса за Албанците, најави победа на изборите

February 18, 2024 17:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Зиадин Села (фото: ЦИВИЛ)

Зиадин Села (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари на денешниот четврти конгрес на партијата што пред малку заврши во Скопје.
  • На вонредниот конгрес што, како што кажа Села во изјава за медиумите, е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.

Зијадин Села е избран за претседател на Алијансата на Албанците, а од функцијата е разрешен Арбен Таравари на денешниот четврти конгрес на партијата, објави новинската агенција МИА. На вонредниот конгрес што, како што кажа Села во изјава за медиумите, е свикан според одлуката на Централното собрание на партијата на кое беше донесена иницијатива за разрешување на Таравари учествувале 591 делегат од вкупно 837 колку што има партијата, со што можело легално да се носат одлуки со просто и двотретинско мнозинство.

-Со предлог на ограноците на Алијансата за Албанците на денешниот конгрес статутарно е одлучено јас да бидам единствен кандидат за претседател на партијата што јас го прифатив. Ние сме во ситуација во која не воведе поранешниот претседател, но ги уверувам граѓаните и членовите на Алијаса за Албанците дека ќе станеме уште појаки и уште поконкурентни за да излеземе и да се соочиме и со граѓаните на претстојните избори и да победиме на тие избори, изјави Села по завршување на конгресот.

Прашан кој е сега легален претседател на партијата, Села одговори дека тоа е оној претседател кој се избира така како што пишува во Статутот на партијата и додаде дека правото за да биде избран или разрешен го има членството на партијата и органите на партијата, а не Таравари или Села. Го обвини Таравари за низа прекршоци почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот кој, како што кажа, е прекршен во неколку членови.

-Денеска јас не разрешував никого туку бев само еден од тие што гласа. Легален претседател е оној претседател што се избира таму каде што се дава одговорност и од претседателот на партијата и од кој било друг избран од функционерите од Алијансата за Албанците. Минатата недела ние имавме Централно собрание каде претседателот на партијата одлучи да не дојде и да избега од одговорност. Централното собрание е органот кој одлучува и донесе иницијатива за одржување на овој вонреден четврти конгрес. Затоа сме денеска тука за да го испочитуваме тоа што е напишано во Статутот на партијата и денеска Конгресот одлучи со 591 глас да се разреши господинот Таравари од функцијата претседател на партијата, рече Села.

Го повика Таравари да ја почитува одлуката што ја донесе Конгресот и, како што рече, да се врати во она што значи органи на партијата и да почне да го почитува Статутот.

На прашањето дали Алијанса за Албанците самостојно ќе настапува на претстојните претседателски и парламентарни избори и дали ќе има свој кандидат за претседател на државата, Села рече дека одлука за тоа ќе носат Централното собрание и Централното претседателство, а медиумите навреме ќе бидат известени за тоа.

-Денеска е денот кога Алијанса за Албанците се враќа во структурите и се враќа себе си. Последните месеци за жал Алијанса за Албанците беше пазар за поткусурување за други политички партии. Во тоа е и одговорот зошто не се свикаа органите на партијата – Централното претседателство каде треба да се соочиш. Од денеска се враќаме на органите на партијата, почнувајќи од Централното собрание, Централното претседателство каде ќе имаме одлуки за кои ќе бидете известени, потенцира Села.

Во петокот во Скопје конгрес одржа крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, а тој беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во партијата почна откако Таравари објави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите, а Села рече дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ