Мештаните на село Љуботен каде утринава започна акција на финансиска полициjа и МВР, го блокирале главниот пат и тврдат дека нема да дозволат да им се земе тутунот. Претседателот на месната заедница, Реџеп Имери, во изјава за ТВ Шења тврди дека има опасност од тензии бидејќи селаните се крајно револтирани.
“Не е логично со сите овие сили да се бара тутун. Полициска станица Бутел нема сознанија, акцијата ја спроведува финансиската полиција. Ќе се земе тутунот и ќе се провери дали е тој што се бара и кој е проблематичен. Тој што не е проблематичен тврдат дека ќе им се врати на селаните, но ние немаме некоја надеж дека ова ќе се случи”, изјавил Имери за ТВ Шења.
Тој се надева дека нема да дојде до тензија, но се жали дека граѓаните се револтирани од начинот на реализирање на акцијата.
А. З.