• Latest
Војо Маневски

Селектирање

November 29, 2022

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Селектирање

November 29, 2022 11:16
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Седиме пред телевизорите, следејќи го Светското првенство во фудбал и како на огледало ни се појавуваат сите карактеристики на светот денес. Игра која е повеќе од спортски натпревар или игра која е слика на животот. Одберете ја самите дефиницијата, а јас дури сега сфатив дека од оваа игра може многу да се научи и да се заклучи. И најголемите таленти и докажани фудбалери можат да го намалат својот капацитет на резултати, ако подлегнат на негативната атмосфера во екипата. Но тогаш сите гледаат во најдобрите да најдат излез од состојбата. И како и во животот притисокот го прават оние кои не се меѓу најдобрите.

Веројатно створителот ги наместил така коцките. Оние што се најдобри да ја преземат одговорноста, а другите да ги следат. Тие следат сѐ додека е кризата, а после сите сили ги насочуваат кон присвојување барем на малку светлост која ги осветлува најспособните за подоцна да тргнат во нивно детронизирање. Ако резултатите не се според очекувањата, целиот негативен одиум го понесуваат најдобрите, додека другите тоа го сметаат како шанса да го заземат нивното место. Кога тоа ќе го направат и ќе застанат на нивното место, дури тогаш ќе се види дека се само дел од втората или третата постава. Тогаш е веќе доцна и целата екипа забележува лоши резултати сѐ додека пак некој способен и вреден не го заземе лидерското место. Додека е светот и векот човештвото ќе се движи низ овие параметри при тоа, менувајќи ги само помагалата кои ја потврдуваат оваа негова природна карактеристика.

Организираноста кога селекцијата е можност најдобрите да стигнат до врвот е слика на успешноста на едно општество, на еден народ и на државата. Ако тој проток е полесен и побрз напредокот е и побрз и постабилен. Ако тој е отежнат со низа непринципиелни препреки резултатот прво ќе биде постепено паѓање во апатија, а после и во пропаѓање. Примери во историјата има доволно за да се направи издржан заклучок. Во Малешевијата велат „това бачило такво млеко дава“ или на современ „математички јазик“ просекот дава просек, а врвни резултати даваат високите параметри. За потпросечните резултати е потребна само логика од изнесеното.

Оваа лаичка анализа е само импресија од следењето на фудбалското првенство, ако не беше разговорот со еден од бизнисмените кој води производствена компанија: „Се согласувам со твоите напишани тези во колумните, ама сепак да поставам една дилема за размислување – вели. Зошто во политичките партии на високи и највисоки места нема менаџери на производствени компании“? Се размислував да му одговорам дека сепак не е исто и правилата на организација на производството не се еднакви со усогласувањето на разните интереси на социолошките групи во општеството. Но поттикот за размислување остана и донесување на заклучок  за тоа. Каде се совпаѓаат организацијата на продуктивност со сета нејзина рационалност и водењето на политика, која според наше поимање на работите е управување на состојбите без да се води сметка за рационалност на моменталните одлуки? Нивниот сооднос е дијагноза на состојбите во општеството. Не мислам овде на современиот свет на ирационалност отсликана низ социјалните мрежи како современ вентил за  испуштање на комплексите на секој поединец или поголем дел од заедницата. Мислам на атмосферата во мојата татковина која сѐ повеќе ја зафаќа апатија и безидејноста. Како во експериментот со варената жаба каде постепеноста доведува до губење на чувството за топлина што завршува со смрт на жабата. Од политичка активност бегаат бизнисмените кои се плашат од политички етикетирања, што им носат штета, бегаат експертите што сметаат дека нивната експертиза нема да се почитува од партиските апаратчици, уметниците се повлекуваат во сопствената фрустрираност на недокажани таленти, сметајќи дека партиската припадност е за недоволно талентираните. Бегаат универзитетските професори, плашејќи се од гневот на цела една група носители на такви звања, која не дозволува конкретна верификација на нивните трудови. Бегаат оние што треба последни да се повлекуваат пред опасноста во која сѐ повеќе паѓаме како организирана заедница.

Ако тие општествени групи бегаат од партиското и политичкото делување, тогаш кој ни ја води државата? Овде одговорот е како во земјоделието. Што посеавме тоа ќе си жнееме, што ќе жнееме тоа ќе мелеме, што ќе мелеме тоа ќе си печеме и јадеме. Сигурен сум дека мојот професор Панов ќе ме фалеше за логичната низа што ја извлеков, ама тоа нема да помогне ако не се произведе друг логична низа на акција за промена на состојбите. Во минатиот текст предложив донесување на нов закон за политичките партии. Таков закон е ефикасен, ако е во паралела со сознанијата дека излезот е само во прифаќање на одговорноста на најспособните и највредните во целото општество и тоа без разлика на пол, верска или национална припадност. Резултатите за целата заедница треба да се критериум во вреднувањето, а не групните или семејните интереси. На крајот и таквите интереси зависат од состојбите во целост и тие ќе претрпат штети, а можат и да пропаднат ако се продолжи со негативната селекција на кадри, каде критериум е послушноста.

Отпорот кон овие идеи ќе биде секако голем и нема да биде лесно. Што би рекол нашиот народ „куче коска не остава без да за’ржи или каса“. Оние што пропагираат дека овие општествени спротивности можат да се разрешат само со револуција, сметам дека ги води некој младешки ентузијазам. Доста ни е од револуции и револуционери од сите видови, време е за добри домаќини. Стрпливо објаснување дека опстанокот и успехот е можен, само ако им дадеме шанса на најдобрите. Нивниот успех ќе биде и наш успех, а без нив пропаста ќе биде за многумина и посебна и општа. Најспособните и во пропаста ќе најдат излез, ама другите неминовно ќе пропаднат.

Да не бидам апокалиптичен, ама сакам само да ги поставам дилемите. Ако се продолжи со задолжувањето и слабиот раст на стопанството во целост ќе нема нови кредити и ќе нема пари за пензии и плати на администрацијата. Мислењето дека моите ќе ме заштитат и јас нема да бидам од тие што ќе изгубат служба не е нешто сигурно. Штрајковите со кои ќе се парализира работата на институциите тешко дека ќе промени нешто на подолг рок. Генерацијата што заминува има колективно сеќавање од деведесеттите кога цела една држава се сруши, а 300.000 илјади граѓани останаа без работа. Политиката не е бизнис, туку општествена одговорна работа, иако кај нас таа е само бизнис кој зависи од местото кое поединецот го зазема во номенклатурата. Мене тоа ми изгледа како пирамидално штедење во ТАТ штедилница што поради нерационалност се распадна и однесе сто милиони марки во неповрат. Сепак Македонија е наша татковина и не смее да се третира како пирамидално штедење. За егзодусот на нашите млади одговорност имаме сите. И тие што знаат дека не ги бива за ништо друго освен да висат по партиските штабови и граѓаните што како слепци за стап упорно гласаат за нив. Кога се распадна ТАТ десеттина лица се офајдија, ама стотици останаа без пари и перспектива. Одговорноста е како и данокот на живот „ако не го платиш на мостот ќе го платиш на мовчето“. Развртите низ сеќавањата за вакви примери низ животот, имаат исти исход, не се со среќе.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дилемипартииселекцијафудбал
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ