Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 21 февруари 2020 година, врз основа на примена жалба од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја донесе следната:
ОДЛУКА
Интернет – порталот „Цивил Медиа“, со текстот насловен „Дали Чулев спрема алиби за евентуални апсења на негови соработници?“ го прекрши Кодексот на новинарите во членот 1.
ЦИВИЛ МЕДИА ја почитува одредбата да ја објави оваа Одлука. Целосниот текст на Одлуката: ТУКА.