• Latest
Македонските национални телевизии

СЕММ и ОБСЕ ги доделија најдобрите новинарски трудови со инклузивно известување во време на Ковид-19

July 7, 2021

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
Креирано со помош на ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025
Џелал Незири, Институт БИРЦ на панелот „Демократско назадување: Импликации и последици“, 9 октомври, Скопје
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Незири: Одбрана на демократијата значи борба за нејзината функционалност

October 17, 2025

Во 21 општина победникот ќе се знае уште следната недела – само по двајца кандидати во трката за градоначалник

October 17, 2025
Илустрација: ВИ

(РЕПРИНТ) Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

October 17, 2025
Џабир Дерала на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Изборите се најевтината инвестиција со највисок политички профит

October 17, 2025

Последен ден од кампањата, на полноќ почнува изборниот молк

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЕММ и ОБСЕ ги доделија најдобрите новинарски трудови со инклузивно известување во време на Ковид-19

July 7, 2021 13:50
in ВЕСТИ, КОВИД-19, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска, преку видео-обраќање на Фејсбук, ги соопшти наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19. 

Прво место, според едногласната одлука на 3-членото жири, освои сторијата на тема „Децата за кои не почна новата учебна година“ на авторката Ирена Каревска од редакцијата на 360 степени. Сторијата опфаќа мошне релевантна и содржајна тема поврзана со онлајн образованието за граѓаните под социјален ризик. Во нејзиниот фокус се системските аномалии коишто ги разоткри кризата, како и алармирањето на државата да ги преземе неопходните мерки во оваа сфера. Сторијата се одликува со силен новинарски и тимски ангажман, висок квалитет и урамнотеженост.

Втората награда  на годинешниот конкурс на СЕММ ја oсвои сторијата со наслов „Коронавирус – борба низ иглени уши за работничките права“, на авторката Христина Ѓорѓиевска, а објавена на платформата „Види вака“. Со значителен новинарски и снимателски ангажман, мултимедијалната приказна на јавноста ѝ покажува со што се соочуваат текстилните работници и работнички за време на Ковид – кризата.

Жирито одлучи на годинешниот конкурс трета награда да добие сторијата на тема „Трошна училница од 5 метри квадратни“ на авторката Арбана Ќерими, емитувана на ТВ 21. Новинарката, на едноставен, разбирлив и приемчив начин, го обработува прашањето за условите во коишто учениците со попреченост ја следат наставата, повикувајќи ги институциите на соодветен одговор.

Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучи да додели и две пофалници. Првата пофалница се доделува за сторијата со наслов „Самохраните мајки во пандемијата“ на новинарката Ана Зафирова, објавена на Дојче Веле. Жирито одлучи пофалница да ѝ додели и на новинарката Катерина Топалова, за сторијата „Штипјанец им гради куќи на сирмашните“, емитувана на МТВ.

Со жирито претседаваше Љуљзим Хазири, а негови членови беа и Билјана Петковска и Драган Секуловски.

„Ги повикуваме сите медиумски професионалци да станат сојузници при бранењето на човековите права, спречувањето понатамошна стигматизација, ставањето крај на ширењето дезинформации, разбивањето на гласините и стереотипите и охрабрувањето квалитетно и објективно известување за различноста, истакна Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која.

„Инклузивноста подразбира да им се даде глас на сите во медиумското известување Доколку публиката се препознава во известувањето таа ќе ја зголеми довербата во медиумите“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ.

Јавниот повик на СЕММ беше отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија, во периодот од 1 мај 2020 до 1 мај 2021 година. На годинешниот конкурс се пријавија вкупно 41 новинарска сторија од 20 автори.

Наградите се доделуваат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ