Американскиот Сенат вчера потврди изборот на претседателот Џо Бајден за амбасадор во Обединетите нации, откако приговорите на некои републиканци го одложија нејзиното назначување, јавија американските медиуми.
Линда Томас-Гринфилд беше потврдена со 78 гласа „за“ и 20 „против“. Таа доби двопартиска поддршка, вклучително и гласови да од повеќе од дваесет републикански сенатори, меѓу нив Линдзи Греам, Мит Ромни и лидерот на малцинството Мич Меконел. Републиканците Бил Касиди и Џон Кенеди од нејзината родна држава Луизијана исто така ја поддржаа.
Нејзината потврда доаѓа помалку од една недела пред САД да го преземат ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ООН од први март.