„За нашето општество исклучително е значајно конечно да влезе во тек со некакви вредности“, вели Андреј Сених од здружението „Заедно посилни“ одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ Медиа „Зошто Европа“.
„Се чини дека во изминатите неколку децении како ја градиме нашата држава и општество како постојано да талкаме во однос на вредносите иако декларативно сме се определиле. Кога веќе сме се определиле за европските вредности треба навистина да се потрудиме да ги направиме реалност и наше секојдневие.
Ние како огранизација, активни во граѓанскиот сектор тоа очекуваме и кон тоа се трудиме да придонесеме. Не очекуваме магично стапче од почнувањето на преговорите со ЕУ. Ние постојано треба да се трудиме тие вредности да ги живееме, да ги промовираме и да ги негуваме во нашето општество.
Ккога зборуваме од перспектива на граѓанскиот сектор, еден апсект на тоа што се европски вредности е активно граѓанско општество. Како граѓани да се активираме за најразлични каузи кои се значајни за граѓаните општо или за одредена група граѓани. Нашата организација, како организација на пациенти со ХИВ инфекција, особено се фокусира на одредени маргинализирани групи на граѓани што се во погоелм ризик за заболување од ХИВ или од други сексуално преносливи болести’, вели Сених.
Б. Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети