„Доколку Русија ја нападне Украина во евентуална војна, нејзините активности за дестабилизација на Балканот ќе се зголемат“, вели Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во САД и експерт за балкански прашања.
Тој во интервју за Kоха изјави дека успехот или неуспехот на Русија во конфликтот со Украина, ќе ја одреди иднината на Русија во Европа.
„Доколку руската интервенција би била успешна, таа ќе поттикне раст на нејзините активности на Балканот, насочени кон етничка поделба и дестабилизација. Доколку не успее, тоа може да биде почеток на крајот на руската преродба во Европа“, вели тој.
Сервер смета дека проукраинскиот ставо на Косово е соодветен.
Тој зборуваше и за процесот на дијалог во оваа насока.
„Дијалогот е во лоша состојба. Србија веќе ја поддржа Русија во Украина. Се согласувам со позицијата на Косово во корист на Украина“, изјави Сервер.
Односот на косовските проукраински институции во оваа фаза на тензии, според американскиот професор, нема да го зголеми притисокот на Србија. Според него, Србија веќе врши притисок „колку што може“.












