• Latest

Пад од два поени, Северна Македонија од 76 на 88 место подолу во годинашниот Индекс за корупцијата

February 11, 2025

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Пад од два поени, Северна Македонија од 76 на 88 место подолу во годинашниот Индекс за корупцијата

Најголем скок, од пет поени, од земјите во регионот има Албанија и е на 80 позиција со 42 индексни поени. Раст има и Косово од 3 поени и е на 73 позиција со 44 индексни поени.

February 11, 2025 10:35
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Северна Македонија во однос на минатата година, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави. Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави.

Со 40 индексни поени, што е за три под просекот од 43, земјава ја дели 88 позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Највисоко рангирана и годинава останува Данска со 90 индексни поени, по што следат Финска со 88 и Сингапур со 84 поени. На последно место е Јужен Судан со 8 индексни поени, додека пред него се Сомалија со 9 и Венецуела со 10 индексни поени.

Од земјите во регионот најдоброрангирана е Грција, која иако стагнира е на 59 позиција со 49 индексни поени.

Најлошо рангирана е Босна и Херцеговина, која бележи пад од 2 поени и е на 114 позиција со 33 индексни поени.

Најголем скок, од пет поени, од земјите во регионот има Албанија и е на 80 позиција со 42 индексни поени. Раст има и Косово од 3 поени и е на 73 позиција со 44 индексни поени.

Србија има пад од еден поен и е на 105 позиција со 35 индексни поени, исто како и Хрватска која има пад од 3 поени и е на 63 позиција со 47 индексни поени и Бугарија, која бележи пад од 2 поени, и е на 76 позиција со 43 индексни поени.

Црна Гора стагнира е на 65 позиција со 46 индексни поени.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2024 година покажува дека корупцијата е опасен проблем во секој дел од светот, но промените на подобро се случуваат во многу земји.

Додека 32 земји значително го намалиле нивото на корупција од 2012 година, има уште многу работа што треба да се заврши – 148 земји остануваат на истата позиција или бележат влошување во истиот период. Глобалниот просек од 43, исто така, стои во место со години, додека над две третини од земјите имаат резултат под 50. Милијарди луѓе живеат во земји каде што корупцијата уништува животи и ги поткопува човековите права.

Истражувањето исто така открива дека корупцијата е главна закана за климатските активности. Тоа го попречува напредокот во намалувањето на емисиите и прилагодувањето на неизбежните ефекти од глобалното греење.

ИПК рангира 180 земји и територии ширум светот според нивното воочено ниво на корупција во јавниот сектор. Резултатите се дадени на скала од 0 (многу корумпирани) до 100 (многу чисти).

Многу земји со најлошо рангирање во изминатата деценија во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл

Многу земји го имаат своето најлошо рангирање во последната деценија во годишниот Индекс на перцепција на корупцијата на невладината организација Транспаренси интернешнал. Меѓу нив се земји како САД и Франција, како и земји како Русија и Венецуела.

Транспаренси интернешнал ообјави дека 47 земји од 180 ги забележале своите најлоши резултати во борбата против корупцијата минатата година, откако невладината организација почна да ја користи својата сегашна методологија за проценка во 2012 година.

„Нивото на корупција ширум светот останува загрижувачки високо, со слабеење на напорите за борба против неа“, предупредува Транспаренси интернешнал.

Невладината организација ја мери перцепцијата за корупција во јавниот сектор, засновајќи ги своите резултати на податоци од 13 извори, меѓу кои Светска банка, Светски економски форум и консултантски компании.

Во индексот, земјите се оценети на скала од нула до сто, со нула што значи „екстремно корумпирана“ земја и 100 поени што значи „многу чиста“ земја.

Просечното ниво на корупција во светот не е променето во однос на 2023 година и е посочено со 43 поени. Повеќе од две третини од сите оценети земји добија помалку од 50 поени.

Данска останува на  првото место на рангирањето со 90 бодови. На второ место е Финска со 88 бодови, а на трето Сингапур со 84.

На последните три места се Венецуела со 10, Сомалија со 9 и Јужен Судан со 8 бодови.

САД паднаа од 24. на 28. место и имаат 65 поени, наспроти 69. во минатогодишното рангирање.

Позиции загуби и Франција – на минатогодишното рангирање беше на 20. место со 71 бод, а сега е на 25. место со 67 бодови.

Фото: Принтскрин

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ