САФИТ ЗЕЌИРИ
Засега, нема причина да се биде оптимист дека Република Северна Македонија ќе може да го задржи народот во земјата колку и да се потребни работници во приватниот или државниот сектор, а камоли да врати некои од оние кои се веќе во странство.
Заминаа, а ќе си заминат многу професионалци работници од различни професии, но и многу млади невработени, кои често велат “подобро со средно на запад, отколку високообразован во Северна Македонија”. А не само од причини на економско-социјални услови, туку и враќање на довербата во институциите, подобро политичко претставување, правда и пред се доверба во државата и нејзината иднина.
Пред две години и бившиот премиер имаше план или само од говорница кажа дека најсигурно … колективно ќе одмине во Европа…
„Јас сум сигурен дека доаѓа такво време. Единствениот исправен начин на којшто можеме да се надеваме дека овие бројки коишто носат горчина ќе ги поправиме, се патот на интеграциите. Или колективно ќе одиме во Европа или ќе продолжат индивидуално да ни заминуваат во Европа. Затоа треба да продолжиме со одговорни политики коишто ќе ги мотивираат младите да останат. И следното е да почнат да се враќаат“, рече тогашниот премиер Заев.
Ако сегашните политички ‘елити’ ја доведоа состојбата до такво ниво да се остави иднината на народот во независност, без да се преземе ништо за подобрување на условите за живот, тие треба да се сменат или сериозно да се фатат за работа, а не да останат и да ја водат државата со познатиот слоган “Ќе биде”.
Можноста за иселување од земјава ја искористија 258 932 наши сонародници според резултатите од Пописот 2021, со која имаме слика колку се надвор од земјава, а во блиска иднина државата нема конкретна идеја како да ги вратат нашите најблиски, а се повеќе и на нас кои останавме тука желбата за да најдеме прва можност да ги напуштаме нашите домови е се посилна.
Сепак, ниту една политичка сила досега не ја искористила, а ниту почна од некоја точка како што беше ветувано во предизборната кампања дека ќе се направи се за младите да останат тука. Со кризата која секој ден се продлабочува, државата нема енергија и не може да воспостави конкретни механизми за стимулирање на задржувањето или враќањето на нашите сограѓани.
Факт е дека секој ден по некој наш роднина, пријател, комшија се поздрава и заминува во странство, со работна виза или без, само да се излезе од ова место каде што можноста стана неможност.
На еден разговор со мој роднина кој се врати, односно го вратија пред 2000-та и почна да работи приватно, се ожени и создаде семејство, знаеше како е во запад, дека не е баш мед и млеко, пред некое време му кажа на својот постар син збогум, кој само што наполни 18 години.
Темата иселување, веќе е далеку од насловните страници на весниците, телевизиските екрани и портали како и од вниманието на јавното мислење, така тивко, веројатно ќе помине и без социјални реакции и без никаква политичка врева, „егзодусот”. Но, доволно е да се посети аеродромот, автобуските станици или да ги видите понудите за курсеви за странски јазици (особено германскиот) и да создадете јасна слика дека иселувањето воопшто не е запрено.
Можеби ќе се утешиме ако кажеме дека и соседните земји имаат проблем со миграцијата и дека тоа е глобален феномен или некое слично размислување. Но, вистината е дека најлошото сè уште не е почнато. Ако Република Северна Македонија сега ја напуштат студенти, специјалисти за информатичка технологија, медицински сестри, лекари и други, кои на општеството и се најпотребни. Каде ја гледаме земјава во 2030-та, или следниот Попис 2031!?