• Latest

Сега е најдобриот момент за решение за името

April 21, 2018
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сега е најдобриот момент за решение за името

April 21, 2018 10:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се наоѓаме во најдобриот момент од 1995, а еден чесен и функционален договор може само корист да им донесе на народите на двете земји, вели во интервју за МИА, Никос Ксидакис, пратеник и портпарол на пратеничката група на владејачката СИРИЗА.

Како поранешен алтернативен МНР, Ксидакис добро го знае проблемот меѓу двете земји и коментира дека прозорецот на можност за решение и понатаму е отворен и треба да остане така се додека не се постигне заемно прифатлив договор.

Ксидакис вели дека е пооптимист во споредба со она што бил пред 15 или 20 години, а во интервјуто за МИА изразува убеденост дека евентуалниот договор ќе помине во грчкиот Парламент и покрај несогласувањето на коалициониот партнер во Владата, Панос Каменос.

Господине Ксидакис, бевте алтернативен министер за надворешни работи, го знаете добро проблемот меѓу двете земји. Каде се наоѓаме во овој момент? Блиску ли сме до решение?

Ксидакис: Мислам дека сме во најдобрата точка од 1995 кога беше постигната Времената спогодба. И двете држави и двата народи се во позиција меѓусебно да си пристапат со повеќе самодоверба, со повеќе доверба еден во друг за да најдеме решение што ќе биде заемно прифатено и ќе дозволи да напредуваме, да живееме заедно во мир, за развој и на двата народи.

Сметате дека грчките позиции за ерга омнес име и за промена на Уставот, ќе може да ги прифати другата страна? Бидејќи премиерот Заев поинаку го сфаќа значењето на ерга омнес, од она како тоа го толкува грчката страна.

Ксидакис: Не знам како тоа го сфаќа владата на соседот, но знам дека постојат услови, една почетна точка, заедничко договорена од Времената спогодба, а главно постои политичка волја за да одиме напред. Официјалната грчка позиција е таа и на оваа основа досега е направен конструктивен дијалог. Мислам дека имаме уште време пред нас, мислам дека имаме време да видиме.

Според ова што го кажувате, значи дека сметате дека прозорецот на можност за решение, како што велат двете влади, и понатаму е отворен…

Ксидакис: Секако. Отворен е и ќе треба да остане отворен сѐ додека не се најде решение.

За Грците, за грчкото општество, имам впечаток како сега да се појави прашањето со името и сите постојано говорат за тоа. Сметате дека општеството во Грција е подготвено да прифати решение?

Ксидакис: Мислам дека постои поголема политичка зрелост од тешките години 1991-1995 кога се сменија многу работи, кога се сменија границите. Ја имавме страшната војна во Југославија, се појавија нови државни ентитети, тоа беше неочекувано изненадување за народите што живееја многу години по втората војна, без вакви вознемирувања. Беше консолидирана ситуацијата и мислам дека сега, грчкиот народ е посмирен, позрел и може со поголем реализам да ја види актуелната ситуација.

Но, што е со протестите и со одредени истражувања на јавното мислење што покажуваат дека голем број граѓани не се согласуваат…

Ксидакис: И тие имаат некоја важност, но во демократијата, не може да се согласуваат сите, се слушаат и други мислења, многу мислења. Сепак мислам дека се поразлични и аргументите и реторичкиот тон од она што се случуваше во 1992-1993-1994.

Несогласувања постојат и во самата влада. Каменос не се согласува со име со терминот Македонија. Сметате дека решението би поминало во грчкиот Парламент?

Ксидакис: Да, ако е едно фер, урамнотежено, одржливо, функционално решение мислам дека секој пратеник ќе се најде наспроти неговата совест, наспроти одговорноста кон историјата на овој простор и наспроти балканската историја и ќе има многу сериозни можности да помине. Но, да не избрзуваме, бидејќи потребна е уште работа од владите, додека да стигне во Парламентот.

Многумина сметаат дека требаше решение да се постигне уште пред 25 години: Сметате дека еден договорот ќе биде позитивна разврска и за двете земји?

Ксидакис: Мислам дека од една чесен и функционален договор, само корист ќе имаат народите и ова мислам дека и од страна на политичкиот поредок во Скопје и од страна на политичкиот поредок во Атина, ги интересира долгорочниот интерес на народите, мирот, стабилноста и развојот на сите полиња. И на општествено и на економско и на културно поле. Да чекориш заедно кон една подобра иднина за двата народи. Во овој момент сум многу пооптимист од што бев пред 15 или 20 години.

Како алтернативен министер за надворешни работи, Вие работевте, односно под ваша надлежност беше бегалската и мигрантската криза, која во тој период беше од големи и сериозни размери. Како сега ви изгледа ситуацијата? Постои опасност да има реприза на она што се случуваше тогаш?

Ксидакис: Не. Таква експлозија мислам дека нема одново да имаме. Но, останува еден проблем за цела Европа и за земјите, потребно е да се тргне хипкризијата и да е најдат потрајни решенија, започнувајќи од вршење максимален дипломатски и политички притисок за мир на Блискиот Исток.

Од изборите во Грција, во јануари 2015 до август истата година, Ксидакис беше алтернативен министер за култура, а потоа се префрли во грчкото МНР, на позицијата алтернативен министер за надворешни работи каде што остана до ноември 2016. Беше задолжен за европските прашања, но во негова надлежност беше и управувањето со бегалската и мигрантската криза, која во периодот додека беше на функција зема замав и создаде проблеми во регионот.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: имеинтервјуМИАНикос КсидакисСириза
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ