Categories

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ Шабан: Децата не смеат да бидат дискриминирани

Втората награда отиде во рацете на граѓанскиот новинар Каној Шабан за фото-сторијата „Говор на омраза на комитите: Свинско за рамазан!“.

Наградата на Шабан му ја додели Дехран Муратов од ЦИВИЛ, кој раскажа како оваа фотографија придонесе да му се помогне на граѓанскиот новинар чие дете од 7 години било дискриминарано во училиште само затоа што носи шамија, онака како налага исламската религија.

„Неговото дете ги нема основните услови во образованието затоа што носи марама. Наместо институциите да помогнат, одговориле дека знеал каде го запишувал детето. Неговата сторија имаше реакции од многу страни и од граѓаните и од институциите“, изјаив Муратов.

Шабан во своето обраќање ги објасни сите тешки зборови на говор на омраза и дискриминација кон неговото дете. Тој постигнал да го префрли во друго училиште, но по извесно време повторно почнале истите проблеми.

„Комитите“ со говор на омраза и навредливи пораки го одбележаа „Бадник“ (Коледе), со тоа што на ѕидот на една продавница во населбата Маџари напишаа: „Свинско за Рамазан“ и „шиптарски п…“, беше образложението на Шабан за наградената фотографија.

Биљана Јордановска (текст, фотографија, монтажа)

Камера: Дехран Муратов

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email