• Latest

Шаќири: Постапките за набавка на учебници се навремени, општините добро да ги менаџираат блок-дотациите

September 1, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Постапките за набавка на учебници се навремени, општините добро да ги менаџираат блок-дотациите

September 1, 2022 14:30
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

За учебниците по новата Концепција има законски постапки, треба да заврши постапката за економски оператор и учениците од прво, второ, четврто и петто одделение да ги добијат учебниците. Дотогаш ќе учат од соодветните материјали што ги подготви Бирото за развој на образованието, рече министерот Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање зошто не биле навремени административните процедури во набавката на учебниците.

Нагласи дека сите постапки се запазени од јануари кога ја презел функцијата и дека се спроведени најбрзи рокови, а по ребалансот на Буџетот се обезбедени и средствата за печатење на учебниците за овие одделенија.

-Оваа година се спроведени најбрзи рокови за учениците да ги добијат учебниците за шесто, седмо, осмо и деветто одделение. За прво, второ, четврто и петто одделение знае целата јавност за барањето да се вратат печатените учебници. Националниот совет за учебници е формиран во февруари и имаа повик за анонимни автори за учебниците. Некои од учебниците се веќе одобрени од Советот и тука за нив е завршена постапката. Потоа имаме постапка за економскиот оператор која сѐ уште не е завршена. За децата да немаат пропусти во образовниот процес, од БРО побаравме материјали кои се подготвени навремено. Тие се за периодот од тримесечјето, но истовремено ќе пристигнуваат учебниците, воедно ќе го продолжиме и  концептот на дигитализација, изјави Шаќири по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.

За доцнењето на свидетелствата повтори дека постапката за нив се спроведува во Бирото за развој на образованието, а не во МОН и дека е побарана одговорност.

Според неговите информации, тие се веќе доставени во училиштата, но наредниот јуни, јули и август, рече, свидетелствата не смеат да доцнат и треба да бидат доставени навреме.

Во однос на плановите за заштеда на енергија во училиштата, особено во грејната сезона, и најавената работна група со членови од образование, економија, финансии и други институции од секторот енергетика, Шаќири нагласи дека МОН очекува соработка со општините и добро менаџирање на блок-дотациите што тие ги добиваат.

-Ние располагаме со податоци за општините – колку од блок-дотациите за општините се користат за плати. Имавме состаноци со директорите на основните училишта, треба што подобро да се менаџира делот од средствата што ги имаат во блок-дотациите за да немаме последици од енергетската криза. Понатаму со сите други институции работиме на план за училиштата да немаат последици од рестрикциите. Училиштата треба најмалку да имаат рестрикции. Сите сме радосни што се вративме после КОВИД-от, сите знаеме кои се придобивките од физичкото присуство. Јас барам поддршка од општините да ги менаџираме добро блок-дотациите, па да бараме и од други институции помош кога ќе имаат потреба, истакна Шаќири.

На прашањето како Општина Чаир ќе се справува со енергетската криза, градоначалникот Висар Ганиу одговори дека училиштата ќе имаат приоритет, но од нивните раководства ќе бара да бидат, како што рече, максимално коректни во користењето на струјата.

-Ние плаќаме индустриска струја и сметките ни се многу високи, но ако мора ќе правиме ребаланс и ќе се откажеме од други капитални инвестиции за да му дадеме приоритет на образованието. Од раководствата на училиштата ќе бараме да бидат максимално коректни во користењето на струјата, а онаму каде што е неопходно за воспитно-образовниот процес таму нема да има рестрикции и ќе гледаме да ги исполниме сите услови за нашите ученици, рече градоначалникот на Чаир.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ