Нашата реалност е дека ние сме мултиетничко и мултикултурно општество. Тоа треба да го искористиме на начин што ќе го прифатиме, прво, како реалност, второ, како богатство, и тоа ќе не тера напред да се развиваме како општество. Ние, за жал, до сега во повеќе наврати ја користиме таа различност како пречка, за општеството да оди напред, односно, креираме омраза едни кон други. Место да создаваме подлога за заеднички живот и за одење напред, вели новинарот Ерол Шакири за ЦИВИЛ Медиа.
Во општества какво што е нашето, еден народ не може сам да успее. Мора да се развиваме паралелно, да живееме едни со други, а не едни крај други. На крајот на краиштата, никој не вели дека ние треба да се сакаме, по закон да се сакаме. Меѓутоа, секогаш треба да се почитуваме едни со други. Затоа што, без таа взаемна почит, ова македонско општество не може да просперира. Се друго е секундарно во државава. И економијата, патот напред, ако не ги средиме овие работи. Сега за сега, овие работи мислам дека се на добар пат, и на тој пат треба да продолжиме. Без таа мултиетничка толеранција, без симбиоза помеѓу сите народи кои живеат тука, општеството не може никако да успее ниту на економски, ниту на политички, ниту на секаков друг план. Тоа е основата за нашата држава да оди напред.
Д. Т.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.