Европските земји протераа стотици руски разузнавачи од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, што ја намали способноста на Русија да шпионира во Европа „на половина“, изјави Ричард Мур, шеф на британската надворешна разузнавачка служба МИ6, во коментар за Си-Ен-Ен, пренесува Укринформ.
„Русија ја губи силата во својата инвазија на Украина и ја загуби способноста да шпионира во Европа „половично“ по протерувањето на повеќе од 400 руски разузнавачи од градовите низ Европа и апсењето на неколку шпиони кои се преставуваа како цивили. “, го цитира каналот Мур.
Шефот на МИ6 прецизираше дека покрај протерувањето на руските „дипломати“, во последниве месеци биле разоткриени и уапсени и голем број „илегалци“ или руски шпиони кои дејствувале под длабока закрила и се маскираат како обични цивили.
Мур, исто така, рече дека верува оти Русија би можела „да остане без пареа“ во Украина.
„Мислам дека нашата проценка е дека на Русите ќе им биде сè потешко да снабдуваат со човечи и воен материјал во следните неколку недели. Тие ќе мора да паузираат на некој начин и тоа ќе им даде можност на Украинците да возвратат“, рече тој.
„Моралот на нивните [украинските бранители] е сè уште висок. Тие почнуваат да добиваат сè поголемо количество добро оружје“, рече Мур.
Подготви: Д.Мишев