• Latest
Амбасадорка на САД Кејт Брнз/ Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Шекеринска и Брнз на Криволак: Полигонот Криволак го развиваме заеднички со САД во одличен НАТО капацитет

February 23, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска и Брнз на Криволак: Полигонот Криволак го развиваме заеднички со САД во одличен НАТО капацитет

На воениот полигон Криволак се вршат последните подготовки за реализација на вежбата „Одлучен удар 21“.

February 23, 2021 17:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Амбасадорка на САД Кејт Брнз/ Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Амбасадорка на САД Кејт Брнз/ Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Со САД и нивните вооружени сили заедно го планираме развојот на Криволак, истакна меѓу другото министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнз денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде беа информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“.

„Ова е одличен ден за армијата, за македонската одбрана, но ова е и одличен ден за нашето стратешко партнерство со Соединетите Американски држави. Заедно работиме на развојот на Криволак, а веќе оваа пролет ќе продолжиме заеднички и да го користиме како еден феноменален, не само локален, национален капацитет, туку пред се како НАТО капацитет“, рече министерката Шекеринска.

Таа информираше дека уште минатата година, во подготовка на вежбата што годинава ќе се случува на Криволак, инжинерискиот батаљон на армијата на Република Македонија ги започна подготовките.

„Меѓутоа,  уште од тогаш знаевме дека во овој проект и во овој развој на Криволак ќе бидеме заедно со Соединетите Американски Држави, заедно со американските вооружени сили. Очекуваме веќе во средината на март нивниот петнаесетти инжинериски батаљон да дојде тука на Криволак и заедно со нашите инжинерци да продолжат да работат на развојот на полигонот. Ова е сојузништво на дело и ова покажува дека заедно знаеме да планираме, заедно можеме да вложиме во изградбата на Криволак, но се со клучната цел да бидеме подобри сојузници и заедно да можеме да спроведуваме и заеднички вежби, но и заеднички борбени дејствија“, соопшти Шекеринска.

Таа најави дека доаѓањето на овој инжинериски батаљон од САД ќе биде само подготовка за вежбата, што оваа пролет ќе се случи на Криволак и на која се очекува и покрај пандемијата, над две илјади припадници на војските на Македонија, Соединетите Американски држави, Бугарија и Грција да учествуваат во една голема вежба.

„Вежба што ќе биде поуспешна и затоа што навреме инвестиравме и ние со нашиот буџет и со нашите сили, но и Соединетите Американски држави. Оваа и следната недела,  мислам дека се две недели, кои ќе покажат на кои се различни начини соработуваме со нашиот стратешки партнер. Во подготовки и во реализација и во заедничка борбена готовност, тоа зборува и за длабоките долги политички и одбранбени односи коишто ги имаме со САД. Но тоа зборува и за нашата амбиција. Не да бидеме само член на НАТО, туку да бидеме вистински сојузници коишто знаат да придонесат. Како што видовте и минатиот пат, не е само да ги чекате американските инжинерци да дојдат и да ви помогнат. Задачата на вистински сојузник е да обезбедите механизација. Да обезбедите луѓе коишто знаат да ја користат. Да обезбедите и ваши финансиски средства со коишто ќе покажете дека не чекате решенијата да ви дојдат од друго место, туку сте подготвени заедно да сработите“, нагласи министерката за одбрана Шекеринска.

Таа и се заблагодари на амбасадорката Брнз за големата поддршка што ни ја дава и Амбасадата, меѓутоа и нивниот тим во Министерството.

„Тим со којшто правиме навистина амбициозен план, како Криволак да биде подобар НАТО капацитет. И затоа сме подготвени и ние да финансираме од нашиот буџет, но за тоа помагаат и Соединетите Американски држави. Денеска имавме прилика од нашите и американските претставници да чуеме навистина многу амбициозен план. Не само за оваа година, туку и за потенцијалните вежби во 2022  година, но и за следните неколку години, во кои само од страна на САД ќе обезбедиме финансирање и поддршка на пет проекти, со кои различни точки на Криволак ќе ги намениме за конкретно воено извежбување. И со тоа ќе бидеме и конкуретни, со тоа ќе можеме да придонесеме, со тоа на некој начин ќе можеме дури и да обезбедиме и финансиска надокнада,  бидејќи еден дел од сојузниците бараат вакви места кадешто овие вежби се возможни, кадешто имате доволно голем простор. Денеска ќе имаме прилика да видиме до каде е стигната работата со инжинерците, меѓутоа мислам дека главната порака е дека кога си дел од силен сојуз, каков што е НАТО и кога имаш сојузници на кои можеш да се потпреш, и ти, односно ние, стануваш подобар, додаде министерката за одбрана.

Амбасадорката Брнз се заблагодари на министерката Шекеринска и на генералот Арсовски како домаќини.

„Навистина секогаш сум импресионирана од професионалноста и од стручноста на војниците што ги сретнувам. Навистина ми претставува задоволство што имам можност да ја видам нивната стручност не само генерално, туку што можам да видам како тие се подготвуваат за вежбата „Одлучен удар“. Секоја единица од Соединетите Американски држави, која се обучувала тука, имала само пофални зборови за Криволак и за неговиот потенцијал. И знам дека сите кога ќе дојдат тука,  веднаш се уверуваат во тоа што може да го видат. Криволак е извонреден капацитет за С. Македонија и навистина ги ценам вашите планови што инвестирате и го развивате овој полигон за обука и тоа ќе ги поддржи не само потребите за обука коишто С. Македонија ги има во моментов, туку и идните потреби. Затоа што во моментов како што знаете војската се модернизира со нова опрема и тоа претставува навистина голема поддршка и за посложени комбинирани обуки со американските и со регионалните партнери,  сојузници на НАТО. Исто така, САД, се, како резултат на тоа навистина посветени да ви дадат поддршка во вашите напори,за унапредување на полигонот Криволак и на тој начин да постигнеме еден одржлив момент,  за да ја поддржиме оваа вежба којашто ќе се случи летово и многу други вежби во иднина, нагласи амбасадорката Брнз.

камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ