• Latest

Шекеринска – Столтенберг: Северна Македонија докажа дека е активна и кредибилна членка на Алијансата

February 11, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска – Столтенберг: Северна Македонија докажа дека е активна и кредибилна членка на Алијансата

February 11, 2021 15:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во првата година од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија докажа дека е активна членка на Алијансата и ги дели заедничките вредности  и принципи на сите сојузници – беше заклучено во телефонскиот разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Зголемувањето на одбранбениот буџет на 1,57% од БДП во 2021 од кои 25% се наменети за опремување и модернизација на Армијата, напредокот во процесот на воена интеграција во НАТО, учеството во мисиите и зголемениот придонес во мисијата КФОР на Косово, ја легитимираат Северна Македонија како кредибилен сојузник во Алијансата со значителен удел во напорите на НАТО за мир и безбедност  и значаен фактор на стабилноста во регионот – порача министерката Шекеринска.

Шекеринска потенцираше дека воената интеграција на земјата во Алијансата се одвива непречено и изрази уверување дека и покрај предизвиците со пандемијата на корона – вирусот, процесот ќе се заокружи до крајот на оваа година.

Шекеринска се заблагодари за брзата и ефикасна поддршка од страна на Алијансата во справувањето со последиците од пандемијата, која меѓу другото вклучуваше и донација на 60 транспортни респиратори од НАТО Доверителниот фонд во вкупна вредност од 1,4 милиони евра.

„Поддршката во справувањето со последиците од корона вирусот која пристигна од Алијансата, покажа дека силната солидарност и исклучително високото ниво на доверба помеѓу сојузниците се главната движечка сила на Алијансата. Сите за еден и еден за сите не е само наша заложба, тоа е принципот врз кој го градиме заедништвото“, порача министерката.

Телефонскиот разговор на министерката Шекеринска со генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг се реализира на само еден месец пред одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ