• Latest
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Шекеринска во седиштето на НАТО во Неапол, конкурс за средношколски стипендии, почнува конзервацијата на скопскиот Аквадукт

September 2, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Шекеринска во седиштето на НАТО во Неапол, конкурс за средношколски стипендии, почнува конзервацијата на скопскиот Аквадукт

September 2, 2021 10:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Share on FacebookShare on Twitter

ОДБРАНА: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во седиштето на НАТО во Неапол, Италија каде ќе има средби во Сојузничката команда на Здружените сили на НАТО. Министерката ќе има тет-а-тет состанок со првиот човек, командантот на Сојузничката команда, адмирал Роберт Бурк.

КУЛТУРА: Денеска прес-конференција ќе одржи министерката за култура Ирена Стефоска по повод почнување  на конзерваторски работи на скопскиот Аквадукт.

ВАКЦИНАЦИЈА: Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани.

КОНФЕРЕНЦИЈА: На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде одржана 8-та Меѓународната научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“. На конференцијата ќе учествуваат министерот за правда Бојан Маричиќ, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер – Дамјановска и претставници на УГД, на Правниот факултет од Ниш и на други образовни институции.

ИНФОРМАТИКА: Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе присуствува на панел дискусијата „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“, организирана од  Фондација за слободата „Фридрих Науман“, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХС),што ќе се одржи денеска во Скопје.

СТИПЕНДИИ: Министерството за образование и наука соопшти дека во тек е аплицирањето на новите конкурси за доделување на средношколски стипендии за учебната 2021-2022 година, како и поднесувањето документи за обнова на правото на стипендија за тековните корисници кои истото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а исполнуваат услови за продолжување.

Дел од најавите се од сервисот на МИА.

Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ