„Патриотизмот е лојалност кон сопствената држава, а национализмот создава омраза меѓу народите. Не ги гледам како позитивни, можат да предизвикаат драстични промени што нема да ни донесат добри работи. Национализмот е алатка што ја користат некои луѓе да постигнат нивни цели. Има национализам од двете страни, има и во македонскиот и во албанскиот блок“, изјави Ајдин Шерифи, чаирчанец, за ЦИВИЛ Медиа.
Ајдин смета дека времето на национализмот и патриотизмот веќе поминува.
„Луѓето гледаат како да развијат туризам на Марс, а ние уште се бавтаме со патриотизам и национализам што многу ќе нè чини“, вели Ајдин.
Тој се надева дека барем референдумот ќе помине како што треба и дека ќе придонесе работите да тргнат на подобро.
„За жал, во македонскиот блок гледам како национализмот зема замав, но мислам дека по референдумот ќе се променат работите на подобро“, се надева Шерифи.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.