• Latest

Шест изборни единици наспроти една, со “идеален праг” од 3%

December 18, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Шест изборни единици наспроти една, со “идеален праг” од 3%

December 18, 2021 09:30
in ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

САФИТ ЗЕЌИРИ

Дали сегашниот изборен систем, кој ја дели Северна Македонија на шест изборни единици, очигледно ги фаворизира големите партии на штета на помалите кои сега бараат да се префрлат во системот на една изборна единица. Дали е ова точно, уште не може да се потврди на која страна можна е штетата.

Една изборна единица, значи основна изборна единица во која се организираат парламентарни избори, со која избирачите со право на глас да изберат партија и кандидат за пратеник или претставник во Законодавниот дом со отворена или затворена листа. Во системите со затворени листи, гласачите немаат никакво влијание врз кандидатите изнесени од партијата, но во системите со отворени листи гласачите можат да гласаат и за партиската листа и да влијаат на редоследот по кој на кандидатите ќе им бидат доделени места.

За една изборна единица треба да се користи системот со отворени листи и со граничен праг, а избирачите да гласаат за тој кандидат кој мислат дека ќе ги исполни ветувањата од политичката програма.

Просечниот изборен праг во европските земји е нешто помалку од прагот 4% и само 5 земји имаат праг над врвот на 5% и тие се Турција (10%), Лихтенштајн (8%), Русија (7%), Грузија (7%) како и Молдавија со 6%. Односот помеѓу високиот изборен праг и развојот на демократијата долго се дискутира и се анализира, а забележана е и причинско-последична врска помеѓу прагот и квалитетот на демократијата. Затоа, според Резолуцијата 1547 на Советот на Европа од 2007 година (58), се препорачува демократиите да не имаат праг повисок од 3% на парламентарните избори за да се овозможи максимална застапеност на мислењата. Според оваа резолуција, исклучувањето на различни групи граѓани од правото да бидат политички претставени преку високиот изборен праг е штетно за демократијата.  Според оваа резолуција, неопходно е да се пронајде баланс помеѓу застапеноста на граѓаните и ефикасноста во парламентот или владата и прагот од 3% е идеален во овој поглед.

Кој процент на прагот би ги задоволил политичките партии во Северна Македонија 2% или “идеалниот” 3%, нешто што најдобро ќе може да се дојде до заеднички договор помеѓу политичките партии би влијаеле и резултатите од пописот 2021 г. За да се постигне што е можно поблиску “идеалниот праг” се прават периодични измени на границите на прагот во земјите кои имаат една изборна единица. Но, генерално, овој праг доколку се одлучи да се смени изборниот систем се смета за идеален и за независните кандидати кои можат да го преминат прагот и со победникот да направат коалиција за мнозинство и да бараат нешто повеќе од една пратеничката фотелја

Како органите на политичките партии ја гледаат или барат сериозна можност за една изборна единица во Република Северна Македонија, уште не се изјаснети. Што значи дека не се транспарентни за јавноста, освен партиските лидери кои од време на време ќе изјавуваат за промената за изборниот систем или ако некој од новинарите им поставува прашање, тогаш се спомнува системот за една изборна единица.

Од друга страна, можно е да стане интересно во внатрепартиската демократија, бидејќи номинациите за кандидати за пратеници во партијата може да го загрозат раководството на големите партии со ризик од отцепување и формирање партија од нула.

Хипотетички можна е зголемена конкуренција која би имала директно влијание врз зголемувањето на квалитетот на политичкото претставување и духот на внатрешната дебата во постоечките големи и мали партии за избор на добар кандидат – претставник на Законодавниот дом. Разбирливо е дека зголемувањето на политичката конкуренција не само што го зголемува квалитетот на политичката понуда дадена на јавноста, туку и го зголемува учеството во политиката.

Постојат конкретни студии кои докажуваат дека национален пропорционален изборен систем со низок праг е најдобро погоден за зголемување на излезноста. Нешто што може да ги поттикне граѓаните за излезеност на денот на гласањето. Според некоја статистика излезноста на гласачите во Република Северна Македонија драстично е намален во последната деценија.

Со помалку зборови, пресметувањето на индикаторот за системот една изборна единица ќе го очекуваме од органите на партиите како го измислуваат овој систем од една изборна единица, и секако со јавни дебати и почитување на мислењето на јавноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ