Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загребскиот градоначалник.
Со настап на Загребската филхармонија започна комеморацијата по повод смртта на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
На комеморацијата која се одржа во Хрватското народно казалиште во Загреб присуствуваа семејството на Бандиќ, високи политички претставници, претставници нa градската управа како и претставници на општествениот и културниот живот во земјата, пријатели и соработници, а Градоначалниците на Скопје, на Белград, на Сараево, на Љубљана и на Сплит претпладнево пристигнаа во хрватската престолнина, соопштија од канцеларијата на Град Загреб.
Градоначалникот на Загреб ненадејно почина во саботата на 66-годишна возраст