• Latest

Шилегов: Нема да дозволиме на Кејот повторно да никне дива населба и да стане депонија

January 21, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шилегов: Нема да дозволиме на Кејот повторно да никне дива населба и да стане депонија

January 21, 2020 15:09
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Екипи на Град Скопје во соработка со општествено одговорни компании веќе два дена темелно ги отстрануваат остатоците од дивата населба под скопското Кале, која почна да се расчистува во големата акција на администрацијата за чистење на градот во текот на минатиот месец. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави засилени инспекции и казни за сопствениците на приватни имоти кои ќе дозволат на нив да се создаваат диви населби и депонии.

– На ова место со децении наназад имаше дива населба во која живееја бездомни лица, а која беше претрупана со отпад и беше извор на аерозагадување. Во текот на овој месец успеавме да не дозволиме на ова место повторно да се населат бездомни лица кои се згрижени во капацитетите на Министерството за труд и социјална политика. Од вчера заедно со општествено одговорните градежни фирми кои соработуваат со Градот Скопје, на моја молба, започна целосно и темелно расчистување на оваа локација. Досега, во текот на овие два дена имаме подигнато над 500 кубни метри смет. Очекувам дека во наредните десетина дена ќе завршиме со расчистување на овој терен, истакна Шилегов.

Посочи дека местото што се чисти е во приватна сопственост и целиот потег од левата страна на Вардар почнувајќи од хотелот „Александар Палас“ па се до мостот „Гоце Делчев“ е поранешно државно градежно земјиште кое е продадено на приватни физички и правни лица. Истакна дека ова е последен пат градот да интервенира, и откако ќе ја доведат состојбата во нормала ќе ги задолжат сопствениците за одржување и ќе почнат да изрекуваат казни, доколку не се чисти земјиштето.

– За тоа писмено се известени сите сопственици на земјиштето, ја користам можноста и јавно да ги известам за да немаме утре некакви недоразбирања, затоа што мислам не треба да правиме компромис. Доколку некој го купил ова земјиште треба да го одржува и да не дозволува на него да се случуваат работи какви што се имаат случувано.

Сопственик на земјиштето, рече Шилегов, е „Амадеус груп“, со кој веќе разговарал на оваа тема и оти нема да дозволи како градоначалник повторно никнување дива депонија. Најави дека инспекциските служби засилено ќе работат, а казната е 15.000 евра доколку не се одржува комуналниот ред на приватна земја.

Додаде дека сите 200 лица што биле на ова земјиште се згрижени по институциите. – Карактеристично е дека дел од тоие воопшто немаат потреба од згрижување, туку имаат свои домови на други места од градот но зошто го одбираат овој начин веројатно тоа им е начин како да заработуваат со палење кабли, со палење гуми, но не можеме да го дозволиме тоа. Далеку од тоа дека сум задоволен, но годинава имаме поквалитетен воздух и тоа е дел од стратегијата што ја спорведе градот – спречување на она што традиционално ни се случувало, а тоа се огнови на отворено, подвлече Шилегов.

Истакна дека вакви големи жаришта има во Визбегово, тоа е депонија што е создавана 30 години, и очекува дека годинава во соработка со Министерството за животна средина ќе почне да се решава.

– Вардариште е покомплексно прашање што не дозволува имроповизација зашто станува збор за проанешна депонија на градот Скопје, каде што градот депонирал отпад повече од 40-50 години и мислам дека тука ќе ни треба и експертиза и акција со меѓународна помош, затоа што проценката што ја имаме направено е таму за да се санира целокупно состојбата, е 40 милиони евра за да може целосно да се заштити тој потег од подводен слив за да не предизвикува загадување на животната средина, рече Шилегов.

извор: МИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ