• Latest

Шилегов: Поради рашомонијадата со ингеренциите не можат да се лоцираат проблемите

December 4, 2019

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Шилегов: Поради рашомонијадата со ингеренциите не можат да се лоцираат проблемите

December 4, 2019 13:22
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на панелот на ЦИВИЛ „Рампа“ по повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, истакна дека живееме во општество каде вредностите се изместени, општеството е дехуманизирано, во кое за жал фокусот е изместен од индивидуата и човекот, но, дека се обидуваат тоа да го променат.

„Носам одговорност како прв човек на градот, која за жал многу често е само номинална, затоа што во рашомонијадата и во испреплетеноста на ингеренциите не можете да го лоцирате проблемот кон една иста институција. Имајќи предвид дека како претседател на ЗЕЛС сум вклучен во политичкиот живот, и сериозно инсистирам на децентрализација, процес кој носи ингеренции повеќе и тогаш ќе можеме да ги лоцираме и клучните фактори кои ќе дадат определен придонес“, изјави Шилегов.

Тој вели дека како градоначалник, во 2019 година, ја унапредиле долгогодишната соработка со дневните центри во кои се работи со лица од различни категории и различна вид на попреченост и ја продолжиле традицијата на бесплатен јавен превоз и паркинг, меѓутоа и градот дава определена финансиска помош на здруженијата за да можат да овозможат патување на членовите и надвор од градот, со цел да овозможат порегуларен живот за нив.

Шилегов додаде дека во текот на изминатите две години лиценцирале околу 27 помагачи на средните училишта.

„За прв пат, во текот на овие две години, ангажиравме образовни асистенти во средните училишта за посебни образовни потреби. Продуциравме и лиценциравме лица кои ќе можат понатаму да помагаат. Прв пат обезбедивме стипендии за средношколци со попреченост, во сите средни училишта и паркинг места“, додаде Шилегов.

Тој додаде дека градот Скопје се приклучил и кон активностите на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација.

„Во таа насока го поддржува малиот групен дом во Скопје во кој се сместени лица од Заводот во Демир Капија. Преку Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори обезбедува 24-часовна грижа од негуватели за лицата сместени во домот. Обезбеди и помош и нега во домашни услови за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од стручен тим составен од лекар специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје оваа година ангажирале 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје давајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Финансиски го поддржале отворањето на Дневниот центар за Даунов синдром и обезбедиле персонални асистенти кои работат со корисниците во домот.

„Во завршна фаза од изработка е и инклузивно игралиште во Бутел, кое треба да биде завршено овие денови, а паралелно се работи на инклузивно игралиште и во Карпош. Во завршна фаза на административните процедури е и проектот за отворање сензорна соба во градинката „11 Октомври“ во Радишани“, додаде Шилегов.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ