• Latest

Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со повеќе зелени површини

February 14, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со повеќе зелени површини

February 14, 2020 10:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето на чиста и здрава животна средина. Ќе се залагам Скопје да се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на Share конференцијата, што се одржа вчера во Филхармонија. Посочи дека верува дека до 2022 година, кога истекува важноста на постоечкиот ГУП, имаат доволно време да ги вклучат сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Според него, ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедат и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на граѓаните.

„Овој форум на архитекти и инженери е од исклучително големо значење за нашиот град заради можноста за размена на искуства и идеи од областа на архитектурата и градежништвото како основен предизвик за секој современ град. Оваа конференција е особено важна за нас како локална власт и заради отпочнувањето на процесот за подготвување на новиот генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 е уште еден предизвик кој верувам дека ќе биде инспирација за многу дискусии и во рамките на оваа конференција. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП на Град Скопје повеќе од потребна му е поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа“, рече Шилегов.

Тој додаде дека се залага за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард.

Нагласи дека искрено се радува што откако е тој градоначалник, Град Скопје има одлична соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и се труди да ги следи препораките на домашните и на странските експерти во областа на архитектурата и градежништвото.

Од поголемите предизвици со кои се занимавале во изминатиов период ја издвои реконструкцијата на фасадите на 13 средни училишта, каде се потрудиле кај најголемиот дел од нив да ја задржат автентичноста на архитектонските решенија, а сепак да обезбедат енергетска ефикасност при изведбата на овие реконструкции.

„Минатата година имавме конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на Калето каде што побуди огромен интерес – добивме 17 труда со предлози како да ја зачуваме круната на Скопје, зашто Калето е круна на нашиот град. Пристигнаа исклучително добри решенија со визија како овој дел од градот што во минатото беше напуштен и запуштен може сите заедно да се обидеме да го облагородиме и да го направиме многу поатрактивен. Најактуелен во моментов е конкурсот за идејно решение за паркот во Карпош кој го распишавме минатата недела До крајот на овој месец очекувам да се распише и конкурсот за идејно решение за изградба на зградата на новата Универзална сала, а наскоро во план ни е и да распишеме конкурс за идејно решение за изведба на летна сцена во Градскиот парк, имајќи ја во предвид зголемената посетеност на паркот во летниот период заради концертите, фестивалите и летните кина кои ги организиравме изминативе две години“, рече Шилегов.

Потенцира дека Град Скопје е целосно подготвен да преземе сè што е неопходно неговите граѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови.

„Имајќи го предвид брзиот развој на модерните технологии, имплементацијата на „Паметен град“ како концепт бара брзи, конкретни, но добро испланирани и координирани чекори од повеќе институции на локално и национално ниво. Град Скопје е целосно подготвен да биде лидер во овој процес и да преземе се што е неопходно нашите сограѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови кои бележат сериозен напредок на ова поле. Отворени сме за нови издржани идеи на стручната јавност кои можат да помогнат овој концепт да стане наша реалност“, додаде Шилегов.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ