Одредени Твитер ботови кои во изминатиот период шират лаги и дезинформации се препознаа во веста што ја објави ЦИВИЛ Медиа дека е лажна вест дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев купувал гласови од 200 до 500 илјади евра.
Наместо да понудат докази како Заев „купувал пратеници“, тие почнаа да кукаат дека „ЦИВИЛ се диктатори и им го ограничуваат правото на слобода на говор“.
Други Твитер профили нè убедуваат дека Апасиев, шефот на Левица, „знае кои се тие пратеници“ и сега ние треба да му веруваме „на збор“. Оти нели неговиот збор е светост и сите треба да веруваме и без резерва да прифатиме дека тоа е вистина, без приложување на докази!
ЦИВИЛ е против ограничувањето на слобода на говор и мисла и е на ставот дека никој не може ниту смее да ги загрози. Меѓутоа, ЦИВИЛ е против ширење на лаги и дезинформации, бидејќи тоа не е исто што и правото на слобода на говор!
ЦИВИЛ ќе продолжи да ги разобличува лагите и дезинфомациите кои содржат „рекла-казала“ информации, без докази и факти.
Д. М.