• Latest

Шкријељ: Ни велеа дека сме преамбициозни, а сега веќе нема деца во институции

February 3, 2020

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шкријељ: Ни велеа дека сме преамбициозни, а сега веќе нема деца во институции

February 3, 2020 12:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите деца до 18 години што беа сместени во големи и безлични институции се згрижени во мали групни домови или згрижувачки семејства. Реформата на системот на социјална заштита, во делот на деинституционализацијата, една година порано успеа да ги префрли овие деца во средина најблиска до семејната, вели дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ во интервју за порталот „Локално“.

„Пред две години многумина ни велеа дека сме преамбициозни а сега веќе нема деца до 18 години сместени во институции. Сите се префрлени во семејно окружување или во средина којашто е најблиска до семејната. Нема да дозволиме да се повторат случаи од минатото, кога во институции беа врзувани корисници. Во тек е втората фаза на деинституционализација каде и повозрасните корисници почнуваат живот со поддршка, во локалните самоуправи. Од ЈУ Завод за рехабилитација Бања Банско Струмица се преселени девет корисници, од ЈУ Специјален завод Демир Капија преселени се седум возрасни корисници. Со еу-грант од 1,7 милиони евра, ќе продолжи поддршката на процесот на напуштање на институциите и трансформацијата на заводите“, посочи Шкријељ.

Изминатите две и пол години се промени начинот на кој државата се грижи за своите граѓани и сериозно се зголемија финансиските трансфери, вели во интервјуто Шкријељ, нагласувајќи дека социјалната помош е зголемена во просек за 300 отсто, а утврден е и детски, образовен и енергетски додаток.

„Наша примарна цел е искоренување на детската сиромаштија и обезбедување еднаква шанса за секое дете. За две и пол години инвестиравме 180 милиони денари во 43 градинки. Обезбедивме 15 милиони евра за изградба на инклузивни и енергетски ефикасни детски градинки. Ги ослободивме од плаќање надоместок за градинка самохраните родители во социјален ризик. Системски го решивме прашањето за бесплатно вклучување во предучилишно образование на децата Роми од семејства во ризик“, укажува Шкријељ.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со инвестициите во градинките, со што се зголемува процентот на опфат на деца во предучилишното образование, а посебен фокус е ставен на руралните средини. Се работи на воведување на програма за родителство во 15 советувалишта во градинките, а заедно со УНИЦЕФ се реализира проектот за Центрите за поддршка на згрижувачките семејства и поттикнување на згрижувањето како форма на заштита на децата.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ