• Latest

Шкријељ: Оние кои останале без работа од 11 март до 30 април да аплицираат во Агенцијата за вработување за паричен надоместок

June 16, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шкријељ: Оние кои останале без работа од 11 март до 30 април да аплицираат во Агенцијата за вработување за паричен надоместок

June 16, 2020 13:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба што го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според Уредбата, сите оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок“, изјави дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.

„Аплицирањето е веќе во тек. Сите оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. Рок за поднесување на барањата е 26 јуни. Досега во Агенцијата се пристигнати над 2.300 барања“, наведе Шкријељ.

Таа укажа дека Владата и Министерството за труд и социјална политика обезбедиле брз пристап до материјално обезбедување и за онаа група невработени кои претходно работеле со договор на определено време и кој по сила на закон истекол, а немаат потребен минимум од девет месеци непрекинат стаж или 12 месеци стаж со прекин, за да остварат право на паричен надоместок.

„Затоа го релаксиравме и системот на социјална заштита. Сите семејства кои останале без приход, можат да влезат во системот на социјална заштита и да примаат гарантирана минимална помош. Тоа значи, ако претходно ги следевме приходите на едно домаќинство во последните три месеци за да видиме дали треба да влезат во системот, сега ги гледаме приходите само од претходниот месец. Затоа ги повикувам сите семејства што се нашле во ваква ситуација на ризик, да се обратат во центрите за социјална работа и да поднесат барање за гарантирана минимална помош. Со ова излегуваме во пресрет на оние што се најранливи во нашето општество“,  истакна Шкријељ.

Скринингот на вработените во градинките се уште трае, затоа и се пролонгира отворањето на овие претшколски установи.

„Скринингот е се уште во тек. Важно е да се спроведе во сите градинки, бидејќи важно е да знаеме во каква здравствена состојба се воспитувачките, негователкиите и останатиот персонал, со цел да превенираме ширење на зараза доколку има позитивни случаи помеѓу персоналот. Протоколите за работа на градинките се донесени од страна на Владата, градинките се запознати со нив, и штом ќе заврши скринингот, ќе биде донесен датум за почнување со работа. За тоа ќе информираме неколку дена претходно, нема да биде од денес, за утре, за да можат родителите да се подготват, бидејќи предност ќе им се даде на децата чии двајца родителите морат да се вратат на работа. Очекуваме на почетокот на јули да се отворат градинките“, објасни Шкријељ.

Таа ги повика управните одбори на градинките да достават предлог до општините за ослободување од плаќање на сметките за градинка, за месеците во кои градинките не работат.

„Согласно Законот, основачи на градинките се општините. Тие треба на Совет да ја изгласаат одлуката за ослободување од плаќање на минималната сума, на предлог кој до општината ќе го достави Управниот одбор на градинките. Нема никаква законска пречка Советот на општината да ја изгласа оваа одлука, и општините тоа го знаат“, објасни Шкријељ.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ