• Latest
Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Шкријељ: Загрижува што кај нас е констатиран застој во делот на недискриминација, почитување на човековите права, родовата еднаквост

November 19, 2025
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шкријељ: Загрижува што кај нас е констатиран застој во делот на недискриминација, почитување на човековите права, родовата еднаквост

November 19, 2025 15:33
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Оно што е загрижувачки за нас е навистина што во делот на недискриминација, во делот на почитување на човековите права, родовата еднаквост или оно што се нарекува фундаменти, фундаментални права, е констатирано дека имаме застој. И сега, не само што имаме застој, туку ако го читаме внимателно извештајот, ќе видиме дека во одредени делови, особено во делот на родовата еднаквост, констатира дека ние реално имаме и уназадување, вели активистката Санела Шкријељ во интервју за ЦИВИЛ Медиа во врска со есенскиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија.

Прво извештајот од Европската комисија, навистина мислам дека треба сериозно сите и да го сфатиме, и да го анализираме, и да се осврнеме, затоа што тоа е многу објективен и реален приказ на она до каде сме со реформските процеси, кои сите велиме дека не ги правиме заради Европската Унија, туку ги правиме заради нас самите, за да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани кои што живеат тука. Така да, тој треба да ни биде некаков и пресек и патоказ да видиме до каде сме и каде треба да работиме во иднина.

Оно што е загрижувачки за нас е навистина што во делот на недискриминација, во делот на почитување на човековите права, родовата еднаквост или оно што се нарекува фундаменти, фундаментални права, е констатирано дека имаме застој. И сега, не само што имаме застој, туку ако го читаме внимателно извештајот, ќе видиме дека во одредени делови, особено во делот на родовата еднаквост, констатира дека ние реално имаме и уназадување. Односно, имаме законски измени

За оценката на премиерот дека извештајот на ЕК е добар, и дека не видел уназадување во извештајот, за кој некој од неговото опкружување велат дека е „извештајче“, Шкријељ посочува дека тој е јавно достапен документ, и знаеме сите дека политичките фактори, зависно од тоа дали се власт или опозиција, знаат да даваат различни толкувања.

Меѓутоа, пак ја речам, јавно достапен документ кој што секој може да го види. и е многу јасен во тој дел. Многу јасно пишува каде има извесно поместување, каде има застој, односно нема унапредување. вели таа и додава: Тука мислам дека нема простор за толкување без разлика како политичките субјекти сакаат. Така да, во овој дел на фундаменталните права многу јасно стои дека има застој.

Шкријељ се наврати во делот на некои клучни области, кој си го знаеме, си го живееме, затоа што сите бевме сведоци дека на почеток на оваа година, во делот на една од клучните области која што значи унапредување на квалитетот на сите и значи еднакви можности, пристап за секое дете, тоа е образованието, дека токму таму имавме уназадување во законската регулатива Односно, имавме измени во некои закони: законот за основно образование, средно образование, законот за учебници, кој што, прво, има два клучни момента.

Се донесоа по скратена постапка без никакви консултации, значи никаква јавна дебата, особено со директно засегнатите страни, како што се организациите, експертите коишто работат во оваа област, младите, бидејќи нив директно ги тангира, и беа избришани, секаде беа избришани поимите родова еднакво, сексуално, репродуктивно здравје, односно, наместо, како што самиот извештај пишува, наместо да имаме усогласување со Европските директиви во делот на дискриминација и заштита и почитување на човековите права, која што не се случува, значи немаме усогласување со нашиот закон за спречување и заштита од дискриминација на останатите закони, туку имаме уназадување. И тоа, навистина, долго време ни се нема случено да имаме уназадување во тој дел.

Шкријељ потсетува дека секогаш кога ги читавме тие извештаи, и во овој е констатирано дека, велиме, ние имаме релативно добра законска рамка, оно што ни е проблематично е имплементацијата.

Меѓутоа, сега, веќе во делот на дискриминација и родова еднаквост, не можеме да кажеме, дека тоа е случајот, затоа што во многу клучни закони, пак ќе повторам во образованието, како клучна област која што промовира одредени вредности и треба да негува одредени вредности, ни имаме бришење. Ние имаме бришење на вакви термини и тоа е јасно потенцирано во извештајот, значи таму нема простор за толкување дали се согласуваме или не и ние сме сведоци дека тоа се случи, така да, тоа е фактичката состојба.

За отсуството на реакција за овој дел од извештајот во општеството, новинарите, медиумите, освен кај некои организации кои стриктно се бават со човекови и родовите права, Шријељ со жалење констатира дека тоа е точно, и за жал, не е тоа само сега, некако не можеме да кажеме дека родовата еднаквост била на тоа место кое што треба да го има и да го има приоритетот, затоа што е една од основните вредности, ако сакаме да зборуваме за демократско општество, затоа што, значи, буквално, не е тоа некаков си апстрактен поим, туку едно само едноставно значи дека имаме ист пристап до можности и ресурси. Не само дека сме еднакви на хартија во законите, туку навистина дека секој граѓанин и граѓанка на оваа држава има можност за реализација.

Без разлика дали зборуваме, не знам, за жени од рурални средини, дали зборуваме за жените Ромки, дали зборуваме за девојки и жени со попреченост, ние сме сведоци, сите ние сведоци во нашето секојдневно опкружување, дека навистина нашиот сограѓанин и сограѓанка се соочуваат со многу пречки и бариерим и дека не можат да ги остварат своите потенцијали, ниту кога станува збор за образование, пристапот до здравство, здравствени услуги, социјална заштита … да, тоа значи родова еднаквост, вели таа.

Исто така, додава Шкријељ, не е тоа случајно, ние сведочиме подолго време веќе за еден наплив од антидемократски движења кои што се трудат и ја користат родовата еднаквост како влезна точка за ширење на секаква морална паника, хистерија, линчови, некакви приказни за наметнување на увезени западни вредности, на нешто што од секогаш била наша вредност.

Јас, на пример, секогаш го потенцирам тоа. Пред некој ден беше, одбележувавме ден кој што значеше ден кога жените во поранешна Југославија за прв пат го искористиле своето право на глас. Многу пред многу развиени западно европски земји. Не може никој да зборува дека родовата еднаквоста и увезена предност. Тоа е дел од она што значи токму наша традиција од нашето наследство и ние тоа треба да си го негуваме, да сме горди на тоа и да го промовираме, вели таа.

Меѓутоа, пак ќе се навратам на овие антидемократски или антиродови движења кои што навистина се засилија изминатите години, кои што ја користат родовата еднаквост како начин да креираат и морална паника, и да повикуваат на линч, насилство кон сите тие што јавно зборуваат. И сега знаете, исто така тоа е констатирано во извештајот. Значи бранителките на човекови права, новинарките кои исто така се соочуваат со родово засновано насилство, предупредува Шкријељ.

И кога имате такви силни движења кои што прават линч на сите кои што отворено зборуваат во јавниот простор, тогаш имате ситуација во која имате замолкнување на гласовите, што е најопасна состојба. Така дека е многу битно, навистина, да продолжиме да зборуваме за овие теми и да продолжиме да зборуваме што значи за државата родова еднаквост.

Тоа значи дека за никого во нашето општество не е прифатливо жените да бидат убивани на улица, и да имаме толкав број на фемициди, дека е неприфатливо за нашата држава да повеќе од половина од жените се неактивни на пазарот на труд, а зборуваме дека сакаме силно одржлива економија. Како да ја имаме ако половина од жените ни се надвор од пазарот на труд, затоа што едноставно тој ја треба да извршуваат некои задачи дома, така, да го сносат товарот на домашните обврски и немаат едноставно ни можност да бидат формално ангажирани, што сето тоа води потоа кон немање на пензија, немање можност за издржување, родов јаз во платите и сето останато. Така да, за тоа е многу битно да зборуваме практично што значи родовата еднаквост и колку е важно да работиме на напредување на родовата еднаквост во општеството.

Во продолжение, Санела Шкријељ се осврна на фактот дека вакви антиродови движења имаше и во соседна Албанија, меѓутоа таму се изборија со тоа и го усвоја законот за родово еднаквост, иако некој тврдат дека сме биле многу пред Албанија.

Пак ја речам некои работи се објективно проверливи. Факт е дека Македонија прва почнала со евро-интегративните процеси и ние на вистина сме биле по напред, дури од земји кои што се веќе земји-членки на Европската Унија. Меѓутоа, ние во меѓувреме сме застанале.

Значи, знаете, во суштина, ако анализираме, не постои состојба на застој, затоа што додека ние сме во застој други држави, како Албанија, Црна Гора, одат напред. Така да е природно дека кај нас ќе зборуваме за уназадување, а тие ќе одат напред. Иако ние во еден момент навистина сме биле по-напред, секако ќе дојде момент кога тие земи ќе бидат многу по-напред од нас.

Ние можеме да го толкуваме како сакаме, меѓутоа и претставниците на Европската комисија многу јасно зборуваат за тоа кои држави навистина покажуваат желба и волја во реформските процеси, а каде има застој.

Така, дека во Албанија, точно, значи  антиродовите движења не се нешто што се случува само во овој регион, се случува на ниво на цела Европа, се случува во Америка, го сведочиме тоа. Меѓутоа, е за поздрав, навистина е за поздрав тоа што владата на Албанија прво не ни помисли да се повлече од тој закон. Ние за жал ја имавме таа ситуација и тоа, имавме таква ситуација за време на претходната влада, не оваа. Така да се повлече законот за родова еднаквост и без разлика на притисоците и од верските заедници и од движења кои што буквално иста риторика користеа за заштита на семејството на децата. Така да, го изгласа законот, затоа што премиерот на Албанија испрати многу силна порака дека тоа е основна вредност на секое демократско општество. Покажа дека може и дека тоа е обврска на носителите на одлуки, носителите на функции да преземат одговорност да го направат тоа што е добро за сите граѓани и за целата држава, а не само да носат популистички одлуки.

За тоа дали останатиот дел од опкружувањето во регионов ќе го преземе примерот на Албанија, Шкијељ вели:

 Ќе видиме, Албанија е навистина позитивен пример, но, пак ќе кажам, антиродовите движења се навистина силни во овој регион. Меѓутоа, затоа е многу битно и да ги разоткриваме.

Многу е важно да знаеме дека пред неколку месеци беше презентиран во Европскиот парламент извештајот на Европскиот парламентарен форум и тоа од страна и на европратеници од Европската Наредна партија и од групата на социјал-демократите, од Зелените. Тој извештај, кој што ги следеше изворите на финансирање и трагата на овие антиродови, антидемократски движења, многу јасно покажа, прво, дека станува збор за транснационална мрежа и дека во позадината се така наречени религиски, да речеме екстремистички организациии кои што во изминативе неколку години вложиле огромни средства на антиродовите движења ширум Европа.

Бројката е огромна и навистина покажува колку е тоа добро организирано и ние го гледаме тоа, затоа што истиот дискурс, истиот дискурс, истиот наратив, истите кампањи, истите слики ќе ги видите во секоја од државите.

Меѓутоа е многу важно да знаеме дека во суштина, и затоа потенцирам, тој извештај беше презентиран и од пратеници на Европската народна партија, така? Сестринската партија на нашата владејачка партија.
Затоа што препознале дека станува збор всушност за антидемократски движења, чија цел е да ја срушат демократијата, да направат хаос во институциите, а родовата еднаквост ја користат како некоја воведна тема која што многу лесно мобилизира. Затоа што вие кога зборувате дека некој ги напаѓа децата, нормално е да имате реакција, некој не сака децата да бидат нападнати, сите сакаа децата да бидат заштитени.

Меѓутоа, повторно да се навратам зашто е битно да работиме на унапредување на овие теми како што е родовата еднаквост.

Јас верувам дека не постои политичар и политичарка во државата наша која што сака да направи нешто на штета на децата. Така, сите велиме дека ни се приоритет децата, сите сакаат секое семејство да има, без разлика на формата, да ги задржиме младите. И дека тогаш треба да работиме на решавање на проблемите со кои што се соочуваат. А проблемите се: од пристап до квалитетно образование, насилството со кое што младите се соочуваат во училиштата, булингот.

И сега знаете, вие имате таков проблем, А го решавате така што ги бришете од законите значи они основи што значи заштита од дискриминација. И тоа е многу лоша политичка порака.

Вие испраќате порака во општеството дека е во ред некои групи на деца да бидат дискриминирани, да бидат изложени на насилство и дека училиштето ништо нема да направи да ги заштити тие деца. Како тогаш зборуваме да ги задржиме младите тука и дека, нели нас ни се битни децата и зборуваме за поголем наталитет и слично.

Шкријељ потенцира дека треба да се навратиме, навистина имаме многу проблеми и предизвици за решавање, од образование, здравството, домувањето, како клучен проблем кај младите. И повторно, оно што и моите колешки го зборуваат, економскиот дел, од сите, од граѓанските организации. Значи, прашањето, што решивме ние со овие законски измени, освен што, како што пишува тука, ја уназадивме родовата еднакввост.

Што решивме? Ништо не решивме. Тоа се популистички мерки на одредена група на политичари кои беа под влијание токму на овие антидемократски, за жал потпаднаа под влијание на овие антидемократски сили. Затоа што го решивме насилството во училиштата? Не. Секој ден читаме за страшни случаи. Фемицидот, жените не ги убиваат на улица. 21 век . Тоа значи, ништо не решивме, само што под влијание на антидемократски структури се донесуваат тие измени.

А предизвици има многу, на вистина има многу што да направиме за да ја унапредиме еднаквоста, родовата еднаквост, така да би требало сите политичари, функционери да се насочат кон тие конкретни предизвици.

Околу изјавата на претседателката Силјановска Давкова, која во својот инаугуративен говор се обврза дека ќе работи на унапредување на родовата еднаквост, меѓутоа за последниот извештај,  каде што се констатира назадување на женските прави и родовата еднаквост, таа го оцени како технички документ со политички пораки, Чкријељ вели:

Да, ја слушнав изјавата. Знаете како? Активистки, женските организации, секогаш сме се застапувале за квоти за учество на жените во политиката. Квотите имаме во Собрание, ги немаме во извршната власт, ги немаме на ниво на градоначалнички, гледаме каква е состојбата. И, навистина, сите го поздравија тоа што за прв пат имаме жена претседателка на државата. Меѓутоа, секогаш го повторувам тоа дека квотите не значат само да обезбедиме место за одредена група на привилегирани жени да бидат на некоја функција.

Значи, улогата на жените кои што се на функција е понатаму да бидат гласот на секоја друга жена во општеството. На жените со попреченост, на жените Ромки, на жените од руралните средини. Она што очекувавме сите, бидејќи претседателката беше многу гласна поборничка на човековите и женските права во Собрание, дека тоа ќе продолжи.

Не е доволно само на конференции, во хотели да зборуваме дека е родовата еднаквост многу важна, да тераме салонска политика, треба со своето делување навистина да го покажеме тоа, вели Шкријељ.

Така да, првиот момент каде што претседателката, за жал, не ја искористи својата позиција да испрати моќна порака е кога ги потпиша законските измени по делот на образование каде што се бришеше родовата еднаквост. Навистина, не знам дали се сеќавате, граѓанските организации, упатија отворено писмо со барање да не ги потпишува токму имајќи предвид кои се нејзините заложби. За жал, немаше никаква реакција, експресно беа потпишани тие законски измени, а вториот момент е овој.

Јас слушнав таа изјава, слушнав дека претседателката дури размислува да се појави во Собрание на Националниот Совет за Евроинтеграција да зборува за извештајот и навистина очекувам дека претседателката ќе се согласи дека имаме не застој – уназадување во делот на родова еднаквост и недискриминација и дека ќе побара од политичките фактори да продолжат да работат на оваа тема. Тоа е очекувањето.

За најавеното обраќање на претседателката, Шкријељ вели дека треба да се закаже во Собрание  Националниот совет за интеграции, но во моментот не се знае кога?

Слушнав изјава дека да би требало да е скоро, дека размислува за таа опција да самата отиде во Собрание да дискутира за извештајот, ќе видиме дали ќе ја спомне оваа тема.

Шкријељ уште еднаш повтори дек квотите не ги бараат само за одредена група на жени, туку затоа што тоа е суштината на претставничката демократија, да тие жени понатаму бидат претставнички на сите жени кои што ја немаат таа можност да бидат на тие функции.

Драган Мишев

камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети

Интервјуто е во рамките на проектот „Демократски навигатор – Стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани (2025)“, предводено од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржано од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Tags: извештајот на ЕК за напредокот на Северна Маедонијаинтервјунотиран застов во делот на недискриминација и родовата еднаквостСанела Шкријељ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ