• Latest

Шојгу тврди дека Русите го зазеле Мариупол, Путин нареди блокада на Азовстал, Верешчук бара итна евакуација на цивилите и ранетите војници 

April 21, 2022
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Шојгу тврди дека Русите го зазеле Мариупол, Путин нареди блокада на Азовстал, Верешчук бара итна евакуација на цивилите и ранетите војници 

April 21, 2022 12:01
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вооружените сили на Русија и на Доњецката народна република, го ослободија Мариупол, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува МИА.

Како што пренесе Бгнес, Шојгу рекол дека „дел од националистичките формации се засолниле во индустриската зона на фабриката „Азовстал““.

– Од денеска, целиот Мариупол е под контрола на руската армија и на народната милиција на Доњецката народна република, а територијата на фабриката „Азовстал“ со националистите и странските платеници кои останаа во неа е блокирана, додаде тој.

Шојгу подвлече дека, последните два дена, руската страна имала режим на прекин на огнот од 14 до 16 часот по локално време. Тогаш, биле прекинати сите воени дејствија и се отворале хуманитарни коридори, како што појасни тој, за да можат цивилите да заминат од територијата на „Азовстал“.

Кога Мариупол бил опколен, вооружените сили на Украина и странските платеници броеле околу 8.100 лица, рекол Шојгу.

– Во рамките на ослободување на градот, над 4.000 се уништени, а 1.478 се предадоа. Останатите, над 2.000 луѓе, се блокирани во индустриската зона „Азовстал“, тврди рускиот министер.

Според него, на руските војници им требаат три до четири дена, за да ја довршат работата на „Азовстал“.

Шојгу нагласил дека се преземени сите мерки за заштита на населението и покрај отпорот на украинските сили во Мариупол, од градот биле евакуирани над 142.000 граѓани и „ослободени биле сите заложници во пристаништето“.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната средба со Сергеј Шојгу наредил да се откаже нападот на фабриката за челик Азовстал.

Путин ја образложил одлуката со цел да се спасат животи на руските војници.

– Ова е случај кога треба да размислуваме – односно секогаш мораме да размислуваме, но во овој случај уште повеќе – да ги заштитиме животите и здравјето на нашите војници и офицери. Нема потреба да влегуваме во тие катакомби и да ползиме под земја над тие индустриски капацитети, рекол тој.

– Блокирајте ја индустриската зона за да не може мува да прелета, нагласил Путин.

Тој додал дека Русија гарантира за животот и достоинствен однос кон украинските војници кои ќе го напуштат Азовстал.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук побара Русија да дозволи итен хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнети во фабриката за челик во Мариупол.

Како што пренесе Би-Би-Си, Верешчук ова го изјави откако рускиот претседател Владимир Путин ги откажа плановите за упад во фабриката Азовстал.

– Таму има околу 1.000 цивили и 500 ранети војници. Сите тие треба да бидат извлечени од Азовстал денеска, напиша Верешчук на социјалните мрежи.

Командант на морнарицата во фабриката вчера испратил порака до Би-Би-Си дека повредените војници заробени таму „гнијат“, без лекови и други потребни материјали.

Тој повика неговите луѓе да бидат евакуирани во трета земја.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ