• Latest

Комитет за надворешни работи на Сенатот на САД: Поддршка за Северна Македонија за потребните уставни промени и влезот во ЕУ

May 19, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Комитет за надворешни работи на Сенатот на САД: Поддршка за Северна Македонија за потребните уставни промени и влезот во ЕУ

May 19, 2023 00:09
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

САД да ја поддржат Северна Македонија за потребните уставни промени кои можеби изгледаат минорни, но се политички доста тешки, изјави денеска Дерек Шоле, советникот на Стејт департментот на сослушување за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

Шоле одговори на прашање на демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи: „Кажете ни малку за тоа кои се опипливите придобивки што би ги добила Северна Македонија со влезот во ЕУ? Зошто е навистина важно за нив некако да ги решат нивните разлики со Бугарија за да можат да влезат во Европската унија?“

„Тие треба да донесат некои тешки одлуки во однос на уставните промени кои од нив се бара да ги направат. Тие се подготвени да ги направат тие промени, но политиката е тешка. И тоа што треба да слушнат од сите нас е нашата поддршка да ги направат овие промени кои би изгледале минорни, но се политички доста тешки, а тоа ќе помогне да се отклучи следната фаза од нивниот процес за пристапување во ЕУ“, одговори Шоле.

Комитет за надворешни работи на Сенатот на 🇺🇸.

Сослушување: Западен Балкан.
Состојби во 🇲🇰🇲🇪🇧🇦🇷🇸 и 🇽🇰 и регионот.

🇺🇸@StateDept: @CounselorDOS Дерек Шоле и @StateEUR Габриел Ескобар.

За 🇲🇰, сведено, две минути. pic.twitter.com/BuA9NnpOas

— КраФТ (@kraft_mk) May 19, 2023

Додаде дека Северна Македонија е одличен партнер, НАТО сојузник и регионален лидер.

„Цврсто ја поддржуваме натамошна целосна европска интеграција на Северна Македонија и Албанија. Повторно, тие се одлични НАТО сојузници. Минатиот јули го отворија нивниот пристапен процес со ЕУ што силно го поддржуваме“, изјави тој.

За поддршката на САД за интеграцијата на регионот во ЕУ зборуваше и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар. Рече дека Северна Македонија и Албанија се цврсти НАТО сојузници и корисни партнери во нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, изјави Ескобар.

Тој рече Северна Македонија е земја која направила сè што е потребно за да премине на следниот чекор и додаде дека според него го заслужува следниот чекор. -И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее, додаде тој.

Ескобар рече дека од опозицијата не се бара да го поддржи премиерот, туку евроатлантскиот пат на Северна Македонија.

„Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија“, нагласи тој.

И Шоле и Ескобар зборуваа за корупцијата во регионот и за санкциите на САД за справување со неа.

„Постојано целиме и работиме со нашите сојузници и партнери, и ги координираме нашите напори за санкции. Значи, ова е нешто што сметаме дека е важна алатка. Но, тоа не е единствената алатка што ја имаме за борба против корупцијата“, рече Шоле.

Според него, канцеларијата на координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју размислува за проекти за борба против корупцијата во регионот.

На распитот се зборуваше и за Отворен Балкан, односите меѓу Србија и Косово, справувањето со влијанието од Кина и од Русија, дезинформациите и потребата од диверзификација на енергетскиот пазар.

„Се согласуваме дека енергетската диверзификација како и трансформацијата од фосилни горива во обновливи извори, е клучен приоритет за оваа администрација“, рече Ескобар.

Повтори за инвестициите во енергетиката во Албанија и во другите делови на регионот.

„Ние веруваме дека земјите склучуваат договори кои ќе помогнат да се диверзифицираат нивните енергетски извори далеку од Русија, и ние го поддржуваме тоа. Ќе ја поздравиме дополнителната поддршка од американската влада за сите тие напори“, рече Ескобар.

Ова е само дел од континуираната американска поддршка и охрабрување за нашата земја на европскиот пат кој може само да се забрза со донесување на уставните измени.

Tags: Дерек ШолеСАДСенат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ