Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека на 27 декември ќе соопшти дали ќе го распушти Бундестагот и ќе го отвори патот за предвремени избори во февруари, јави ДПА.
Одлуката е последната уставна процедура што треба да се заврши пред одржувањето на предвремените избори, откако Парламентот во понеделникот не му изгласа доверба на канцеларот Олаф Шолц.
Германија е втурната во политичка криза откако трипартитната коалиција на Шолц се распадна на почетокот на ноември поради несогласувања во врска со буџетот.
Доколку Штајнмаер распише нови избори како што се очекуваше, тие најверојатно ќе се одржат на 23 февруари, како што е договорено од малцинската влада на Шолц и опозицискиот блок Христијанско-демократска/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ).
Веднаш по распадот на коалицијата, Штајнмаер објави дека е подготвен да донесе одлука за распуштање на Бундестагот, велејќи дека на Германија и треба стабилно мнозинство и влада способна да дејствува и да управува.