Додека земјата се подготвува за локалните избори 2025, јавниот простор сè повеќе се исполнува со селективни интерпретации на реалноста, контроверзии и конфузни пораки до граѓаните, а тука е и неуредениот институционален амбиент – како што е ситуацијата со оставката на претседателката на ДКСК или разговорот за локални избори и конструктивна средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиниот министерски кабинет во работно време.
Што е што во изборен контекст
3. Што е злоупотреба на функции и јавни ресурси?
Злоупотреба на функции е кога носители на јавни функции (градоначалници, директори, министри) ја користат позицијата за лична или партиска корист, наместо во интерес на сите граѓани. Злоупотреба на јавни ресурси подразбира користење на државни пари, возила, објекти, администрација или медиуми за промовирање на партија или кандидат за време на изборна кампања.
ЦИВИЛ постојано укажува на злоупотреби на јавни ресурси во изборни кампањи – од службени возила и објекти, до јавна администрација. Наи зборите низ годините не еднаш биле евидентирани автобуси и комбиња од општини користени за митинзи, ученици организирано носени на партиски настани, во време на часови, предизборни вработувања, особено во образовни и здравствени институции, реклами во јавни медиуми платени од општински буџети, но со партиска содржина.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk