• Latest

Што очекувам од новата Влада?

August 6, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Што очекувам од новата Влада?

Во одговор на прашањето што очекувам од новата Влада мислам дека е многу соодветно да го споделам текстот објавен во Дневник 2007 година. Секоја сличност со реалноста е сосема намерна, иако недоволна. Посебно извинување за пропустот во текстот да биде опфатено и последното поскапување на електричната енергија со кое се заштитува исчезнувањето од нашиот економски простор на екстра профитот како заштитен вид.

August 6, 2020 08:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Почитувани колеги министри!

На дневен ред имаме исклучително чувствителна тема, од животен интерес за сите нас и директно поврзана со причините поради кои се наоѓаме на овие позиции.

Во прашање се пари. Со жалење морам да констатирам дека, и покрај најдобрите желби и вложените напори во изминатиот период, ни од далеку не успеавме да ги земеме од граѓаните сите пари што можевме. Ситуацијата е сериозна, меѓутоа ги молам колегите да се воздржат од употреба на термини како што се: алармантна, катастрофална, безнадежна или очајна. За овие изрази е задолжена опозицијата. Не би сакале да се повтори немилата ситуација од последната седница на Парламентот. Мораме да признаеме дека претставниците на опозицијата со право изреагираа кога некои наши пратеници многу невнимателно навлегоа во нивните ингеренции. Деловнички, прецизно е дефинирано дека опозицијата е задолжена да очајува и да кубе коси, а партиите на власт треба да бидат позитивни и полни со надеж.

Во таа смисла, ве молам за максимално позитивен пристап кон извештајот за досегашните активности на прибирање пари, и предлозите што ни ги нудат нашите служби. Тоа никако не значи дека сме врзани  за понудените решенија. Не треба да ве потсетувам дека водењето на државата е, пред сè, креативна работа и дека токму креативноста е нашата најсилна страна. Кога ја освоивме власта, јасно ѝ дадовме на знаење на јавноста дека нема да дозволиме било кој облик на одговорност да ја ограничи нашата креативност и да нè оптовари со непотребно бреме. Најодговорно тврдам дека одговорноста нема да ни се испречи на патот  на напредокот, и дека никакви критериуми, правила и процедури нема да нè врамат во веќе видени клишеа и воспоставени шеми. Ние се гордееме со сите наши решенија. Тие се секогаш оригинални, освежувачки апсурдни и максимално неочекувани за најголем дел од јавноста (а некогаш успеваат да нè изненадат и нас самите). Ништо помалку не очекувам ни во оваа посебна ситуација.

Факт е дека сме многу сиромашни. За жал, и покрај максималните залагања, нашите богаташи сè уште  котираат многу ниско на светските листи на најбогати луѓе, а нашата држава едвај врзува крај со крај. Свеста на нашите граѓани е на многу ниско ниво. Тие покажуваат голема доза на себичност и обземени се со минорни прашања поврзани со индивидуалната егсистенција, личниот стандард и сопствените потреби. Жално е отсуството на елементарно чувство кај граѓаните за големината на моментот во кој се наоѓаме. На прсти можат да се избројат тие кои се запрашуваат: што ѝ треба на мојата држава? Како да ѝ помогнам? Што можам јас да направам за неа, а не таа за мене?

Да се вратам на главното – парите. Пред нас имаме сериозна листа од исклучително интересни предлози за собирање пари. Некои од идеите претставуваат продлабочени разработки на веќе постоечки механизми, а некои се сосема нови и сè уште неиспробани. Листата не е затворена и барам ваше активно учество во нејзиното натамошно развивање.

Сè уште е рано да се зборува за приходите што ќе се соберат од примената на новиот Закон за прекршување на јавниот ред и мир, меѓутоа очекувањата се големи. Колегите од Министерството за внатрешни работи ги привршуваат последните обуки – пред да бидат испратени на терен во акција за собирање пари. За пофалба е внесувањето нови, иновативни технологии во целата акција (скриени камери, микрофони, најнови техники на висење од дрво и ѕиркање во спални и сл.). Известени сме дека дел од полицајците поминуваат посебна психолошка обука за провоцирање на граѓаните што би требало да даде брзи резултати во полнењето на државната каса (а сигурно позитивно ќе влијае и на подигањето на моралот на полицијата). Веќе беа доставени и предлози за измени на законот. Како исклучително опасни за јавниот ред и мир се перципиран ненајавените и неорганизирани собирања на големи групи пред аптеките, како и насилното однесување на нашите постари граѓани на овие манифестации. Предлогот за изрекување мандатни казни на сите што возат по дожд е повлечен откако ни беше свртено внимание дека во нашата држава има преголем број сушни денови за ова да биде исплатливо.

И покрај прекрасните кампањи кои многу стимулативно делуваат на секој граѓанин, сè уште имаме застој во остварувањето потполна и апсолутна фискализација. За идниот состанок очекувам извештај за увозот на џепни фискални каси кои требаше по многу пристапни цени да им бидат понудени на питачите. Со задоволство констатирам дека неколку невладини организации поднесоа предлози за тренинг и обука на питачите за соодветно користење на фискалните каси. Можеме да се гордееме што конечно на овие граѓани ќе им биде вратено нивното достоинство и тие ќе станат рамноправи граѓани кои не се срамат од својата работа и ќе можат да придонесат во развојот на државата како и сите останати.

Во вашите папки можете да го најдете и Предлогот за измена на законот за даноците со кој се предлага воведување на данок на сиромаштија. Според податоците со кои располагаме ова може да биде непресушен извор на средства, посебно имајќи ги предвид локалните предности и традиционалното негување на сиромаштијата на овие простори. Според аналитичарите придобивките ќе бидат повеќекратни: а) ќе ги исчистиме од списоците сите лажни сиромашни кои непотребно ги вознемируваат граѓаните со своите демонстрации, седење пред парламент и умирање од глад; б) ќе го стимулираме богатењето и ќе ги поттикнеме сите оние кои од неразбирливи причини не сакаат да се збогатат, да вложат дополнителни напори во таа насока; в) ќе го симнеме товарот за плаќање данок од плеќите на бизнисмените со што ќе овозможиме подигање на рејтингот на нашите богаташи на светските листи на најбогати.

Партиите од опозицијата немаат ништо против тоа Законот да биде донесен по итна и скратена постапка, меѓутоа очекуваме подли, гнасни и приземни обвинувања од нивна страна кога ќе започнат преговорите за распределба на собраните средства. Политичкиот дијалог за поделба на пленот ќе започне веднаш по усвојувањето на измените.

Пред да ја затворам седницата, ги молам сите заинтересирани кои сакаат да иницираат отворање нови министерства да се запишат кај секретарката (по можност со наведување на бројот на министерства и областа во која би сакале да бидат отворени). Исто така молам да ги известите колегите кои не присуствуваа на оваа и на претходните две седници да го подигнат паушалот за присуство, затоа што се создава непотребна забуна во исплатите и не може да биде затворен благајничкиот запис.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ