• Latest

Што се случува во гримиорната наречена „Христо Татарчев“­

September 4, 2023

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Што се случува во гримиорната наречена „Христо Татарчев“­

Аферата со лековите во Онкологија во црвено-црната партија ја дочекаа и во улога на жртва (заедно, нели, со народот) и во улога на спасител кој ќе донесе „сеопшт идеален живот“ во сите сфери. И, како и секогаш, вистината за овој случај, со сите релевантни детали, не е важна, та нели живееме во општество на пост-вистината?

September 4, 2023 20:46
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Зошто „најнародната партија“ се обиде во понеделникот, 4 септември да организира протест пред Владата на СРМ? Која е врската меѓу настаните што се прикажани како сурова игра со лицата кои страдаат од подмолна болест, нивните злотвори кои заработуваат од нивната мака со препродавање на лекарствата што ги добиваат на една скопска клиника и политичката партија од опозицијата што несомнено се јавува како организатор на собирањето на народ?

Просто, сите околности, мерени со одмерен, проверен и потоа спроведен во дело, аршин на казнување на сторителите на тој криминал, не можат да дозволат некому тој да се јави безмалку во улога на жртва, а актуелната власт, преку ноќ, да ја изнедри во поттикнувач или безмалку јатак на сторените недела, што се, нели неспорни? Политиката на опозицијата, концентрирана во Палатата Татарчев, како да седи во некоја гримиорна во која постојано се преслекува и облекува, се шминка, час за комедија, час за трагедија, и излегува во јавноста, пред наместената публика која ја негува поголем дел од нашите мејнстрим медиуми, за да предизвика ефект кој би ѝ користел на опозицијата.

За таа позиција која стратезите на ВМРО-ДПМНЕ ја обмислиле викендов зад нас, секако постојат најмалку две причини. Првата е позицијата на самата партија после Бледскиот форум кој силно ја реафирмира вистинската желба на Брисел да нѐ прими во Унијата и дури одреди година (2030) како некаков ориентир во два правци – за сопствените внатрешни реформи и, од друга страна, за усогласување на политиките на земјите кандидати со исполнување на бараните критериуми од членките на ЕУ.

Фалшливите повторувања на изразот „не прифаќаме менување на Уставот под бугарски услови“, едноставно, наликува на отворање на познатата кукла матрјошка, руски сувенир, која секојпат со посегнување на раката кон шареноликиот предмет, излегува на виделина како помал и побезначаен примерок.

И кога ќе треба да се појави последната, најминорна играчка, оп, се појавува еден случај за кој Мицковски се држи како за реторичка сламка на спасот: тој има промена на темата.

ВМРО-ДПМНЕ најнапред го гледаше народот како жртва на бугарските подмолни планови, потоа себе се гледаше како жртва на западните притисоци, а сега ќе облече нов костум со кој ќе биде дел од жртвите во здравството (пациентите болни од канцер), одбирајќи ја власта како најодговорна (нели, во крајна инстанца) за она што се случувало во Онкологија.

Мицкоски одеднаш може да ја смени темата која има многу драмски елементи и ете го денес (понеделник) како говорник со „иновирана теза“ за неправдите. Што ќе биде следното? Па се разбира тоа е улогата на Спасителот, човекот кој ќе рече дека само тој „може да ја смени оваа корумпирана власт“.

Во психологијата е добро позната лизгавоста на термините жртва и спасител. На драмските сцени особено во претставите за деца, каде сѐ треба да е некако поедноставно и полесно сфатливо, на пример, ликот на Црвенкапа е истовремено и жртва и спасител! Таа најнапред е спасител, бидејќи оди да ја посети болната баба, потоа е жртва кога ќе сретна волкот и кога тој ќе ја голтне… Волкот е отпрвин терминатор, а потоа е жртва на ловџиите кои ќе му го распараат стомакот. Во партијата на Мицкоски, гримиорната е готова за сите ролји, за на крајот, за време на долгоочекуваните избори, тие да бидат ловците, односно победниците.

Делува ли по малку наивно? Како во приказните на браќата Грим? Па, ако овој лидер од палатата Христо Татарчев (па ајде да прочитаме еднаш кој беше тој, нели и што значи неговото име на партискиот штаб на „мразителите на Бугарите“) зад настапот на премиерот Ковачевски на двата форуми, во Атина и во Блед, виде дека  тој се вратил – блед! Блед од Блед!

Неговите средби со најголемите политичари на Стариот континент на тие два настани, неговите експозеа, оценките што беа дадени за актуелната политика во земјава од толку видни личности, едноставно, се претворија во некаква евтина категоризација како од детски емисии од понизок ранг.

Па ајде да отвориме таква игра брзозборка, да рече дека Мицковски се вратил од Струга иструган или од Штип исштипан… Каква бедотија на споредбите, еден прозорец кон бесмисленоста и безидејноста во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во мигот кога ја става оваа земја во една од најдраматичните ситуации, буквално од типот „да не биде или не“!

Јасно е дека ситуацијата со крадењето на лековите од болните во Онкологија ќе донесе малку турканица во гримиорната на денот на протестот. Најпрво дпмнеовци ќе го носат костумот на жртви (дел од пациентите, односно разочараниот народ), за потоа да го облечат костумот на спасителите на државата.

Ова секако претпоставува дека сторијата на која се базира најновата „офанзива“ на ВМРО-ДПМНЕ никако не смее да се отпетлува понатаму од сегашното ниво на претставување на аферата. А тоа најмалку може и треба да биде крај на сознанијата за Онкологија. Мицкоски говори за оставки на генерално ниво, не очекувајќи ја вистината. Како што еднаш ќе каже познатата филозофка и борец против нацизмот, Хана Аренд, дека за десните идеологии владеењето значи „обесмислување на вистината“ или, во наше време, сведување на вистината во пост-вистина, кога таа нема да биде релевантна како цел.

Таква коинциденција со тие сознанија имаме и сега – не треба да се мисли на тоа кои се виновни, особено колку тие траги одат наназад – кога и министри за здравство, ама и директори на Онкологија, имало и од црвено-црната партија! Ова сознание до кое дошол магазинот „Фокус“ и за кое можеме да претпоставиме дека протекло од истрагата на Обвинителството е „таман“.

Вина секако некаде има, жртвите се многу и недоброени (всушност, не се осознаени сите!), исповедите се стравотни и доволни за да се направи атмосфера на линч. А тоа кој навистина бил виновен, кој и колку долго ја промовирал практиката на крадење на лекови од болните, за нивно препродавање на лица кои не се осигурени или се доволно богати да не чекаат по ходниците на болницата, станува небитно. Пази боже, да не излезе некој наш…


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: ВМРО-ДПМНЕжртваманипулациионкологијаспасител
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ