• Latest
Фото: МИА

Што содржи најавениот договор меѓу Израел и Хамас: Петдневен прекин на огнот, размена на заложници и влез на помош во Газа

November 21, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Што содржи најавениот договор меѓу Израел и Хамас: Петдневен прекин на огнот, размена на заложници и влез на помош во Газа

November 21, 2023 13:26
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На повидок е договор за ослободување на заложниците и примирје, што би можело да ја обележи војната која трае месец и половина и однесе илјадници цивилни животи.

Според неодамнешните изјави на Катар, Белата куќа и раководството на Хамас, се чини дека договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците е многу блиску, пренесува МИА.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије рано утринава изјави дека Хамас е „блиску“ до договор за примирје со Израел. „Блиску сме до постигнување договор за прекин на огнот“, рече Ханије, додавајќи дека групата го доставила својот одговор до катарските посредници.

Официјалниот претставник на Хамас, Изат ел Решик изјави за Ал Џезира дека преговорите се за примирје што ќе трае „неколку дена“ и ќе вклучува договори за влез на помош во Газа и размена на заложници земени од Хамас за луѓе затворени во Израел.

Ел Решик рече дека договорот ќе вклучува ослободување на израелски жени и деца од Газа во замена за палестинските жени и деца од „окупациските затвори“. Ел Решик додаде дека сите детали од договорот ќе ги соопшти Катар.

Извори запознаени со преговорите за примирје изјавија дека рамковниот договор вклучува петдневно примирје, кое се состои од прекин на огнот на теренот и ограничувања на израелските воздушни операции над јужниот дел на Газа. За возврат, меѓу 50 и 100 заложници држени од Хамас и Исламски џихад, посебна палестинска милитантна група, ќе бидат ослободени. Тие ќе вклучуваат израелски цивили и затвореници од други националности, но не и воен персонал.

Катарскиот премиер во неделата изјави дека договорот за ослободување на некои заложници во замена за привремен прекин на огнот зависи од „ситни“ практични прашања.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека верува оти договорот за ослободување на заложниците е блиску. „Верувам дека е така“, рече Бајден.

Белата куќа соопшти дека разговорите се во фаза на „последни детали“, но одби да даде дополнителни детали, велејќи дека тоа може да го загрози успешниот исход.

Бројот на цивили убиени во Газа е „неспоредлив и без преседан“ во споредба со кој било конфликт од 2017 година, кога генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја презеде функцијата, рече тој во понеделникот

Tags: војнаИзраел ПалестинаПреговориХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ