Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, доколку тие тоа би го побарале, пишува денеска швајцарскиот весник „Темп“ (Le Temps).
-По самитот во Биргеншток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори за воспоставување мир, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Никола Бидо, пренесе весникот.
Швајцарските власти, меѓутоа, нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека земјата е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.