• Latest
Војо Маневски

Сила на состојбата

October 25, 2024
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сила на состојбата

Не сум сигурен дека држи вода ставот дека гласачкото тело е доведено во заблуда. Таква мисла може да се слушне секогаш во разговорите на обичните граѓани. Почитувани сограѓани, ако не ни се слушаат мудрите мисли на филозофите барем имаме наше искуство за овие триесет и кусур години. Не се само политичарите криви што ние како граѓани сакаме да ни го кажат тоа што сакаме да го слушнеме. И со тоа ја избегнуваме одговорноста за нашиот избор.

October 25, 2024 09:31
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Празниците се прилика да се испратат важни пораки до граѓаните. Такви пораки вчера испрати премиерот Мицкоски. Следниве денови ќе слушнеме и видиме разни анализи на пораките. Мене на прв поглед ми изгледа како во мислата на Кикерон (Цицерон) за владеењето на Цезар: „додека сме ние негови робови тој е роб на состојбите“.

Политичарите својата моќ ја црпат на изборите. За да дојдат до поголем број на гласови ги користат сите средства што им стојат на располагање. Граѓаните доколку немаат изградена свест за сопствената улога во една демократска заедница, најчесто се однесуваат како поданици на политичките господари. Слушам и читам разни анализи за капацитетот на новата Влада и нејзините политики. Па не дојдоа тие партиски преставници од Свазилед, туку катадневно беа на медиумите, критикувајќи го секој чекор на актуелната власт.Можеше да се види и што предлагаат и колку знаат. Не сум сигурен дека држи вода ставот дека гласачкото тело е доведено во заблуда. Таква мисла може да се слушне секогаш во разговорите на обичните граѓани. Почитувани сограѓани, ако не ни се слушаат мудрите мисли на филозофите барем имаме наше искуство за овие триесет и кусур години. Не се само политичарите криви што ние како граѓани сакаме да ни го кажат тоа што сакаме да го слушнеме. И со тоа ја избегнуваме одговорноста за нашиот избор. Или како што велат мои новоселци: ако еднаш, двапати ме излажеш, тогаш ти си крив, ама ако тоа го правиш многупати тогаш не е до тебе до мене е. Така ја исполнуваме мислата на Кикерон. Ние сме робови на Цезарот.

Но, да поминеме на вториот дел на мислата на Кикерон. Цезар е роб на состојбите. Тој користеше сѐ што му беше на располагање за да ги убеди граѓаните да гласаат за него. Да, имаше многу изјави кои сега го товарат, ама и тогаш и сега имаше публика да го слуша. Но, едно е да се држат опозициски пламени говори, а друго да се води  држава. За цело време на опозицискиот стаж се прават разни контакти и договори. Тие што се договарале да дадат поддршка не го правеле тоа од човекољубие или  возвишени идеали, туку од тоа што виделе можност да имаат некаква корист. Состојбата кога барата е мала, а во неа крокодили со отворени челусти не е за потценување. Мало невнимание и некој од крокодилите ја склопува вилицата. За да ја води успешно државата му требаат способни и посветени кадри. Според некаква пресметка потребни се околу три илјади лица со такви карактеристики за да се води огромниот административен механизам на сите нивоа. Има ли некоја партија толку и такви кадри? Сите заедно на купче да ги ставиш, пак изборот нема да биде лесен.

А не се само функционерските места, во барата има многу крокодилчиња што чекаат да закачат и тие нешто. Ако не се задоволат нивните апетити веднаш го вртат опашот и ја оговараат власта каде стигнат и кога стигнат. Така на брзина се врти јавното мислење, а тоа не смее да си го дозволи премиерот.

Очекувањата се големи кај населението измачено од двете последователни кризи. Не помагаат овде убавите зборови. Стандардот мора да се подобри зошто состојбата е на раб на поднесувања. За тоа се потребни пари. Пари во буџетот нема зошто ваков како што ѐ е резервиран за долговите, платите на администрацијата, пензиите, социјалните давања.

Капиталните инвестиции треба да се финансираат од буџетскиот дефицит кој треба да биде некаде околу стапката на растот на БДП. Кај нас тоа никогаш не се поклопува. Администрацијата нема капацитет ни тие позајмени средства да ги потроши низ проекти од корист на граѓаните и затоа нема очекувана додадена вредност па на крајот нема раст на БДП со стапка над 3% .И така во круг, а за нов круг се потребни нови задолжувања. Така доведовме до задолженост над 60%. Значи, немаме таков општествен производ кој може да ги задоволи потребите на државата. За неговата рационална распределба не сме способни зошто прво го задоволуваме своето коруптивно разбирање на државата и заедницата.

Ова не е оправдување за актуелниот премиер нити за неговите претходници, туку само ги отсликувам состојбите во светло на робовските односи кон Цезарот.

Дали е стасана потребата од јасни стратегии и методологии за нивното остварување? Одамна е стасана, ама сега е неизбежна. Дали е потребно минимум доверба меѓу политичките елити за поставување на параметри од кои ќе се прават потребните политики. Нешто како заеднички именител. Овде не мислам на персоналната доверба на разните политичари кои низ лични врски и доверби направија посебна каста која нема веќе заеднички интерес со граѓаните, па дури ниту со сопственото членство. Мислам на доверба како обврска дека договорените основи ќе се почитуваат без разлика кој ќе ја води политиката реализација на зацртаното. Отстапувањето од така договореното и успешноста на реализацијата треба да биде маркер за гласачите и доделувањето на нивната доверба на доследната политичка гарнитура.

Европскиот пат е избор на граѓаните. Како можеме до побрз развој ако ја погледнеме структурата на економијата и нејзината зависност од европската економија? Преку структурни реформи кои ќе нѐ прават поконкурентни на тој пазар. За тоа се потребни пари. Од каде ќе ги земеме и кој ќе ни ги даде ако веќе го знаеме пазарот на кој треба да ги пласираме производите. Тој пазар не е зелена полјана и декларација на невладини организации за граѓански права, туку сурова борба за место на него. Има многу формални и неформални врски меѓу играчите на тој пазар и нивните политички раководства. Има, ама тоа се правилата на кои тешко се навикнуваме, но ќе мораме. Овде е нужен тој договор меѓу политичките фактори во Македонија. Не околу свиени и исправени кичми и глави, туку околу редоследот на реформите кои треба да се направат за да се искористат сега доделените средства од ЕУ и како да се донесат повеќе низ реформите и како последица од нив.Договор за мерките за зајакнување на конкурентноста на економијата. Во право е Мицкоски кога вели дека сме пред опасност од која можеби и нема да се извлечеме, ако не почнеме со комплетна реформа на целиот систем. Ако вака продолжиме цената на задоцнетите реформи ќе се огледа во бројот на странски пасоши за нашите граѓани и купените карти за излегување од државата.

Очекувам навивачка и непринципиелна дебата за предложеното единство но тоа нема да ја намали неговата нужност. Кој вели дека сме последни во математика на тестовите? Имаме ние свое знаење на есап. На секој вработен преку партиска листа во администрација доаѓаат по двајца иселени млади лица, плус едно семејство со две деца и повремена селидба на двајца постари од 55 години што се ангажираат како  помош при чување на внуците или одржување на изнајмените станови додека младите го бараат своето место во новата средина. За ова ви треба ли формула за да го пресметате резултатот од досегашната економска и политичка состојба во државава?

Ајде господа академици, универзитетски професори, чесна интелегенцијо, пресметајте го заедничкиот именител за реформите, па да се обидеме да опстанеме и како држава и како народи кои ја полнат нејзината бројка на жители!


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетски дефицитвладаграѓаниевропски паткапитални инвестицииполитичариПремиерот Христијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ