• Latest
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа дебата за „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“ / фото: Кабинет на претседателката Сиљановска-Давкова

Сиљановска-Давкова: Да го завртиме ромското тркало дома, ама не само на 8 Април, туку постојано, посилно, побрзо и подалеку, во интерес на прогресот

April 8, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова: Да го завртиме ромското тркало дома, ама не само на 8 Април, туку постојано, посилно, побрзо и подалеку, во интерес на прогресот

April 8, 2025 09:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа дебата за „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“ / фото: Кабинет на претседателката Сиљановска-Давкова

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа дебата за „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“ / фото: Кабинет на претседателката Сиљановска-Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.

– Верувам дека не случајно тркалото, симболот на вашето етничко знаме, по долги патешествија запрело и на македонска почва на која сте свиле дом. Со културната посебност и свест, вие израснавте во важен и вреден сегмент на македонското општество, неверојатно талентиран за музика и игра, уметнички вдахнат, скромен! Влеговте во Уставот, се изборивте за ромска општина и ромски јазик како службен во неа, основавте и развивте успешно средно училиште, формиравте партии и граѓански здруженија и станавте политички фактор, влеговте во Собранието, освоивте градоначалнички и министерски позиции, но и раководни места во важни државни органи и институции, станавте музички славни преку врвни културно-уметнички друштва, пејачи и диригенти, се стекнавте со универзитетски дипломи од различни области, ве опишаа во филмови и серии, ве опеаја, насликаа…, пишува во честитката претседателката Сиљановска-Давкова.

Таа посочува дека Ромите докажаа дека се креативна, способна, вредна и адаптибилна заедница што заслужува почит.

-Но, празников ме потсетува дека сте сè уште најсиромашната, најранливата, најмаргинализираната, најобесправената и најдискриминираната заедница. Време е да преминеме од зборови на дела, реално да ве поддржиме, да ви дадеме приоритет, да посегнеме по афирмативна акција и инклузивни политики, да ви овозможиме да ги изразите и докажете способностите и идеите, да ги вградите трудот и знаењето во развојот на демократското општество. Ромите се богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон. Да го завртиме ромското тркало дома, ама не само на 8 Април, туку постојано, посилно, побрзо и подалеку, во интерес на прогресот, напиша Сиљановска-Давкова. 

Во пресрет на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, вчера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа дебата на тема „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“.

Учесници во дебатата, како што соопштија денеска од Кабинетот на претседателката, беа ученици и студенти, припадници на ромската заедница. Дебатата ја водеше Доан Сулејмановски, директор на средното училиште „Шаип Јусуф“, член на Советот за млади и член на Комисијата за помилување.

Честитајќи им го претстојниот Меѓународен ден на Ромите, претседателката Сиљановска-Давкова на младите Роми им порача дека Кабинетот, како заеднички граѓански дом е соодветно место за одбележување на овој најзначаен ромски празник.

Таа им порача на присутните да бидат горди на својата етничка припадност, со оглед на докажаната креативност, скромност, способност и адаптибилност, што ги прави посебни.

Претседателката, како што се наведува во соопштението, ги охрабри да дадат свој придонес во натпреварот на сите полиња, посочувајќи примери на успешни Роми, со цел да креираат автентична слика за нив, оти, наративот на другите за Ромите се темели на нивната перцепција, што не е имуна на непознавање, конструкција, па и предрасуди.

Најважно, според неа е, најдобрите Роми да се најдат на соодветните позиции, како доказ дека знаењето, умот и посветеноста се наградуваат без оглед на припадноста по било кој основ.

Сиљановска-Давкова на дебатата потсетила дека афирмативната акција во случајот на Ромите е особено важна со оглед на изразената ранливост на оваа категорија македонски граѓани.

Од Кабинетот информираат дека на дебатата импресионирала критичката мисла и самосвест на мнозина студенти и ученици, кои посочиле низа примери на дискриминација на Ромите по сите основи, ги детектирале најголемите проблеми со кои се соочуваат, а воедно предложиле излезни решенија.

Кога е во прашање решавањето на ромското прашање, сепак, претседателката, но и некои дискутанти ја посочиле нашата држава како позитивен пример, навраќајќи се на уставниот статус на Ромите, формирањето општина со доминантно ромско население во кое ромскиот јазик е службен јазик, политичкиот ангажман на Ромите преку формирање ромски политички партии, стекнувањето градоначалнички, пратенички и други функции, вложување во образованието и културата, стимулирањето на граѓанскиот центар.

На дебатата било укажано на многу предизвици, како проблемот со изучувањето на ромскиот јазик како мајчин јазик и како уставно загарантирано право. За претседатеката, формирањето на Катедра за ромски јазик ќе придонесе за создавање педагошки кадар за ромски јазик.

На дебатата била укажана и на потребата од основање на Ромски културен дом, пристоен здравствен дом, културно – уметнички и спортски друштва, библиотека.

Младите го посочиле се уште актуелниот проблем со лицата „фантоми“, односно луѓето коишто се уште немаат лични документи и се оневозможени во остварувањето на правото на образование и здравствена заштита, а се соочени и со низа административни пречки во секојдневното функционирање.

За гостите, како што се наведува во соопштението, нискиот квалитет на здравствените  услуги коишто ги добиваат Ромите, со оглед на хроничниот недостиг на медицински кадар во Шуто Оризари е загрижувачки.

Во дебата се актуелизирала потребата од итно формирање на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите, како и запазување на застапеноста на Ромите во Комитетот за односи меѓу заедниците преку што поскоро именување членови од редот на заедниците што немаат пратеници во Собранието од страна на Народниот правовобранител.

Според претседателката Сиљановска-Давкова, нашиот модел на решавање на статусот на Ромите во државата може да биде наш цивилизациски придонес кон ЕУ.

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ