Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран во текот на ноќта во морскиот дел на 23 километри северно од грчкиот остров Родос и во близина на турското крајбрежје, а засега не се пријавени поголеми штети, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми земјотресот бил особено почувствуван на Родос, а жителите излегле на улиците.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ рече „станува збор за земјотрес чија главна карактеристика е длабочината, која е 60 километри“ и затоа веројатно е главниот земјотрес и затоа бил почувствуван во поширокиот регион и во Турција, но „без значителни влијанија врз површината, нема да има цунами и, пред сè, нема да има силни последователни потреси“.
Префектот на јужниот дел од Егејското море Јоргос Хаѕимаркос, исто така за ЕРТ, нагласил дека земјотресот бил силен и дека многу туристи кои се на островот се исплашиле и ги напуштиле хотелите.
Крајбрежниот град Мармарис воТурција, исто така, беше погоден од земјотресот. Пријавени се најмалку седум лица повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови.
Турските медиуми рано утрово објавија дека 14-годишно девојче загинало во земјотресот, додека вкупно 69 лица се повредени. Девојчето билчо пренесено во болница откако доживеало напад на паника, но починало и покрај напорите на лекарите.
Muğla’daki 5,8 büyüklüğündeki deprem sonrası acı haber:
Panikatak geçiren 14 yaşındaki Afranur Günlü hayatını kaybetti, 69 yaralı var.#deprem #muğla #marmaris #sallandık pic.twitter.com/9tLrGaPsib
— Ramazan Casuk (@RamazanCASUK) June 3, 2025
Земјотресот се случил во 02:17 часот по локално време, а бил со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 25 километри од Родос во Грција, а бил почувствуван во делови од Турција, Египет и Сирија.
Видеа од сцени од земјотреси снимени за време на земјотресите во тие региони циркулираат на социјалните мрежи.