Нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтерова скала утрово во 7:50 часот повторно го погоди централниот дел на Хрватска.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот се наоѓал во близина на Петриња, исто како и првиот потрес кој се случи рано утрово во 6:28 часот.
Хрватската Сеизмолошка служба соопшти дека денеска во 6:28 часот е регистриран земјотрес со епицентар пет километри југозападно од Петриња, со интензитет од пет степени според Рихтерова скала.
Земјотресот бил почувствуван во Загреб, Риека и Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.
Земјотресот предизвикал штети во Глина Петриња и Сисак, но се почувствувал и во Загреб. Луѓето се потресени. Изворот на ЦИВИЛ МЕДИА од Загреб кратко коментира: “Оваа година, едноставно, не заминува со добро”.