• Latest

Силното граѓанско општество – тајната на отпорот на Украина

March 17, 2022

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Силното граѓанско општество – тајната на отпорот на Украина

Јарина Ариев и Свјатослав Фурсин се венчаа на 24 февруари, денот кога Путин и објави војна на Украина. Јарина е ќерка на Володимир Ариев, пратеник на партијата Европска солидарност. Следниот ден, тие се пријавија во единицата за територијална одбрана во Киев.

March 17, 2022 10:57
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

 Според рангирањето на воената сила, Русија ја држи втората најсилна војска во светот. На хартија, воениот буџет на Украина е приближно помал од оној на градот-држава Сингапур, според „Економист“. И покрај овие ограничувања, украинската армија ги спречуваше нападите во текот на првите денови од руската инвазија, спречувајќи го првичниот план на Русија за Блицкриг. Како е возможно такво достигнување?

Дел од одговорот лежи во колосалната способност на украинскиот народ да се самоорганизира. Веднаш откако Русија ја започна војната, голем број Украинци почнаа да бараат соодветни улоги за себе за да ја поддржат украинската одбрана, пренесува Еуромајданпрес.

За само 2 дена инвазија, 100.000 граѓани им се приклучија на украинските воени сили, главно на Територијалната одбрана.

Освен ова, цивилите почнаа да им помагаат на нивните локални единици за територијална одбрана со плетење воени камуфлажни мрежи и подготвување молотови коктели.

Јарина Ариев и Свјатослав Фурсин се венчаа на 24 февруари, денот кога Путин и објави војна на Украина. Јарина е ќерка на Володимир Ариев, пратеник на партијата Европска солидарност. Следниот ден, тие се пријавија во единицата за територијална одбрана во Киев.

На 26 февруари, во Харковската област, жена со молотов коктел рачно запалила оклопно возило. На 27 февруари луѓето запреа руски тенкови со молотови коктели и препреки.

 

Камуфлажни воени мрежи направени од локални доброволци во селото Неслухив, Лавовска област на 27 февруари.

Луѓето веднаш почнаа да организираат дарување крв, а други работат на информирање на Русите на социјалните мрежи и веб-страниците за ситуацијата во Украина. Други, пак, почнаа да блокираат пропагандистички разговори на Телеграм и Вибер.

Во областите далеку од битките, луѓето почнаа да управуваат со логистиката за бегалците – наоѓајќи домови каде што можат да останат, како и реорганизирајќи ги училиштата и другите згради во простори за живеење. На пример, театарот Лес Курбас во Лавов беше трансформиран за да прими бегалци од места поблиску до боиштата.

Театарот Лес Курбас во Лавов прифаќа луѓе во привремено засолниште за време на војната. 27 февруари. Фотографија на глумицата Наталија Рибка-Пархоменко

Освен ова, граѓаните на Украина реагираат и на апелите на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Министерството за одбрана и други институции. Еден таков апел беше да се објавува на социјалните мрежи и да се пријавува за движењето на руските војници и, обратно, никаде да не се известува за движењето на украинската војска.

Во првите денови од инвазијата, на зградите и патиштата беа откорнати ознаките за наведување на руските воздушни напади. Украинските цивили пријавувале за овие знаци до властите за да се оневозмат таквите напади.

 UkrAvtoDor ги повика сите патни организации, територијални заедници, локални самоуправи и луѓе веднаш да започнат со демонтирање на сообраќајните знаци во близина, така што на руските напаѓачи им е потешко да се движат по непознатиот терен.

Луѓето во Јаворив подготвуваат “ежови“ препреки за руските тенкови, 27 февруари. Извор: страница Јаворив

ИТ специјалисти презедоа акција во ИТ армијата создадена од Министерот за дигитални трансформации. На 26 и 28 февруари, украинската ИТ армија ги урна сајтовите на двете најголеми банки во Русија, сајтот на руското Министерство за одбрана, Московската берза, руската берза за криптовалути, веб-страницата на ФСБ, меѓу другите. Тие, исто така, објавија телефонски броеви на руски пропагандисти, кои Украинците почнаа да ги блокираат на социјалните мрежи.

 Преведувачите доброволно се пријавија да дадат свој допринес.Брокерите беа замолени да пријават Руси кои се преселиле во Украина пред да започне вистинската инвазија и во моментов дејствуваат како диверзантски групи.

Од ставот на секој конкретен поединец, секое дејство може да биде мало, едвај видливо во поголемата слика. Тоа е веројатно причина зошто многумина мислат дека сè уште не придонесуваат доволно и на тој начин преземаат сè повеќе задачи, придонесувајќи значително преку овие „мали дела“.

Украинците се самоорганизираат како пчели, движејќи се во различни насоки, работејќи кон една заедничка цел.

Секако, тоа не би било можно без јасна цел: одбрана на украинската територија и народ. Против што и за што, Украинците научија од историјата. Писателката и новинарка Тетиана Терен во видеото на ПЕН Украина објавено на првиот ден од инвазијата наведува:

„Често размислувам за луѓето кои беа тука пред мене. За жал, во нашето блиско минато, советскиот тоталитарен период, илјадници мои колеги беа подложени на цензура, репресии и егзекуции. Затоа сега, кога работиме, го правиме тоа двојно или тројно понапорно, мислејќи на оние кои беа тука пред нас и кои не можеа да го направат тоа“.

Превод Жорж Димовски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ