Периодов со корона кризата беше катастрофален, бидејќи јас имам сериозна музичка кариера, но бев доведен во ситуација во последните 6-7 месеци да бидам без никакви примања, сега веќе дојде „нож под грло“, немавме друг избор туку да поправиме една грешка, а тоа е да организираме здружение кое ќе се погрижи за правата на музичарите“, истакна Трајко Симоновски, музичар на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ.
„Ние како здружение сме многу задоволни за колку кратко време стигнавме да разговоараме со институции, како на пример со претседателот, тој се потруди да ни помогне, но тоа е отприлика тоа, разговаравме со Алаѓозовки, а средбата со Битиќи не се оствари.
Се уште не сме имале контакт со министерството за култура, но мислам дека од таму треба да почне одмотување на тоа клопче.
Ние спроведовме и направавиме регистар на членови, од кои ги остранивме тие кои се вработени, беше направен во доменот на нашите способности, колку што можеме да имаме контрола врз нашите членови. Бројката околу 680 луѓе. Тој регистар е поднесен е и треба да се определи луѓето кои бараат помош.
Помошта од 6 илајди денари ние ја одбивме бидејќи е под нашата чест, тоа делува несериозно. Јас морам да ги продадам моите бас гитари за да преживеам, државата останува без идна музичка култура, остануваме без мотив да работиме, после толку години вложување не гледам како понатаму би функционирал, има толку невработени и гладни, државата мора сериозно да размисли.
Ние сакаме да се формира едно здружение за да ургираме на нашите права, зошто очигледно е дека никој не се грижи за нас“, додаде Симоновски.