• Latest

Симовски: Имаше интезивни активности на Бугарија пред пописот во Албанија

July 7, 2024

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Симовски: Имаше интезивни активности на Бугарија пред пописот во Албанија

July 7, 2024 11:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од населението во Албанија на пописот се изјаснија како Бугари откако имаше интензивни активности од Бугарија. Ова е ставот на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој смета дека тоа не е пропуст на Албанија и вели дека сепак попис може да се повтори.

Секаде во светот во земјите во кои се прибира податок за етничката припадност, Симовски нагласува, дека овој податок мора да биде израз на слободна волја на тој кој што го дава податокот.

– И тврдам бидејќи бев во тек со сите подготовки на пописот во Албанија дека тоа не е дозволено, освен во некои инцидентни случаи ако се случат во кои се реагира и би се реагирало. Значи тоа е реална состојба на изјаснување на овие луѓе. Во овој случај не можеме да ја обвиниме институцијата Институт за статистика на Албанија, изјави Симовски во интервју за РСЕ.

Симовски, исто така, вели дека биле постојано во контакт со албанските колеги и дека, ниту тие не го очекувале ова.

– Макар што јас на некој начин го очекував. Проблем беше друго. Што во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство кои за жал од економски причини, а пред се поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок. Но, тоа е веќе политика и јас не би можел да се мешам во тој дел, изјави Симовски.

Во однос на повиците да се повтори целата операција, Симовски нагласува дека тоа е можно, но дека е многу скапо и оти одлуката е на албанската Влада, посочувајќи го како пример тоа што и ние го повторивме пописот во 1991 година.

– Знаете но тоа се прескапи операции. Но она што сум сигурен и не можам да ги обвинам моите колеги во Албанија дека по правилата, методолошките решенија, сите стандарди кои се ставен а ги знам сите до еден, дека некој од нив влијаел на податоците. Тоа сепак е исклучително лично изјаснување. Вие не можете некого со сила да го натерате, ама чекајте до сега немало Бугари и не смеете да се изјасните така, појаснува Симовски.

За тоа дека има луѓе кои веќе сведочат дека тие само се изјасниле како Бугари, а не се чувствуваат така, Симовски нагласува дека може и тоа да се случи.

-Ништо чудно и тоа да се случува. Многу е интензивна таа пропаганда, која што не носи добро никому. За жал се случува и за жал многу луѓе пред се од економски, но понекогаш и од лукративни причини го прифаќаат. А тука не можеме да се мешаме, сепак тоа е многу лично. Она што мене лично нај повеќе ми пречи истите тие луѓе се појавуваат како најголеми бранители на националното чувство, а го сториле спротивното, изјави Симовски.

Во однос на најавеното укинување на балансерот, Симовски, вели дека тој е политичка алатка.

-Балансерот е политичка алатка, а јас избегнувам политички изјави сакам да се држам до стручноста. Но јас излегов во јавноста, за жал можеби единствен бев, и реков дека се злоупотребуваат податоците од пописот бидејќи релевантни податоци за структурата на населението се податоците за резидентното население. Ние направивме обид да добиеме што повеќе информации за нашето население кои не живее во државата, но тие се нерезидентно население. Таму останаа околу 450 илјади кои што не беа опфатени. За жал остана само мојата интервенција и не се промени ништо, изјави Симовски.

Симовски, исто така, изразува сомнеж и дека бројот на иселени луѓе од државата е многу поголем од оној кој беше објавен во ревизорски извештај, и нагласува дека тие одамна укажуваат дека иселувањето е клучен демографски проблем, а државата 30 години нема точен податок за причините и стратегија.

-Не го прочитав извештајот на ДЗР, но ги слушам коментарите во медиумите. Искрено ме зачуди малку, бидејќи даваат многу прецизен податок. Не велат, околу или било што, туку точно прецизен податок. Не знам, од каде е ова. Ние навистина се обидуваме да добиеме на сите можни начини, па макар и приближна за бројот и структурата на тие што се иселуваат годишно и ме зачудува од каде толку прецизен податок. Она што ме плаши е дека ова е многу мала бројка. Нашите проценки се дека во овој момент некаде околу 15 илјади луѓе годишно се иселуваат од државата, изјави Симовски, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ