• Latest

Симовски: На крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице со пописот

October 19, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: На крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице со пописот

October 19, 2021 11:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска изјави дека нема значаен неопфат со пописот и оти на крајот со обработката нема да има изоставено ниту едно лице.

– Она по што се раководиме кога спроведуваме одредено статистичко истражување е да имаме концепт како ќе го следиме опфатот на сите единици на тоа истражување, а исто и на пописот. Клучната работа по која се раководевме беа објектите за домување каде се сместени граѓаните, каде што живеат граѓаните и сите овие објекти се поминати целосно не е испуштен ниту еден. Да, се случуваше да не можеме да најдеме некого дома, сепак беше летен период на спроведување на пописот, меѓутоа се обидувавме повеќе пати да ги побараме, остававме телефонски броеви, за да исконтактираат со попишувачите, немаме воопшто значаен неопфат со пописот, изјави Симовски на настанот посветен на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“, посочи Симовски.

Тој нагласува дека секогаш е можно да го има и во најсовршените системи, но тоа што во моментов го очекуваат бидејќи се уште не е завршена обработката, е дека овој неопфат ако воопшто го има, е минимален.

Конечните резултати од пописот, потсети тој, ќе ги очекуваме за период од шест месеци од завршувањето на пописот. Најдоцна во март, рече Симовски, очекуваме да ги објавиме, но ако успеат да постигнат и порано, нема да чекаат.

– Работите на обработката започнаа веднаш по завршувањето на пописот и ќе траат до оној период кога ќе бидеме подготвени да ги објавиме и во јавноста. Тоа е процес кој е неминовен после секоја статистичка операција и е дел од целокупниот процес на оваа операција, рече Симовски.

Во однос на оние кои го бојкотираа пописот и за кои беа најавени казни рече дека тие случаи ги процесуирале, а други институции треба да преземат мерки.

За искуствата на Шведска која спроведува попис целосно базиран на регистри, Симовски рече дека ние во моментов не ги исполнуваме трите клучни услови за да се овозможи таква операција.

– Нашата цел секогаш била да го употребиме овој метод кој во моментов е најсовршен, но за тоа е потребно да се исполнат три предуслови клучни – прво добар адресиран регистар што го немаме, второ да имаме идентитет помеѓу официјалната адреса во нашите документи и она каде навистина живееме и трето да знаеме конкретни и точни инфромации за сите граѓани кои не живеат во земјата, а се наоѓаат надвор од државата. За жал сите три елемтни не се исполнети во овој момент и не можевме да примениме таков метод. Инаку, сите би сакале тоа да го направиме – прво е наједноставен, најевтин, веднаш ги имате резултатите, рече Симовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ