• Latest

Симовски: Не сме толку необразовани колку што неинформирано се користат податоците од ДЗС

June 2, 2022

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Симовски: Не сме толку необразовани колку што неинформирано се користат податоците од ДЗС

June 2, 2022 10:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

-Ние како институција покажуваме резултати. Како институција се обидуваме во чекор да ги следиме трендовите во светот, но од друга страна немаме капацитет. Кај нас нема школа за статистика, има само предмети по статистика на одредени факултети, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, за Утрински брифинг.

Во рамките на европската статистика ДЗС има можности и испраќа вработени во Еуростат, но не премногу често од причина што немаме доволен број статистичари, информира директорот на ДЗС.

– Ние немаме доволен број обучени луѓе. Статистиката е занает и не може без обука да се вклучат луѓе кои штотуку завршиле факултет и немале посебна обука, додава Симовски.

Во контекст на образованието, ДЗС вчера излезе со податоци поврзани со степенот на образованието. Станува збор за група на популација од 15 години па нагоре, што значи дека се вклучени и млади кои сѐ уште се во процент на гимназиско или средно школување, па, апелира Симовски, не треба да се смета дека општиот степен на образование е низок туку станува збор за лошо толкување на податоците.

-Најголем број граѓани со високо образованите сакаат да заминат во странство. А станува збор за млади луѓе, оти кој би барал некој на поодмината возраст?, вели Симовски.

Тој додава дека нема поголеми разлики меѓу двата пописа по структурата на образование на населението. Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација.

Друг податок кој беше интересен е дека една третина од становите се невселени. Симовски вели дека причината за тоа може да биде иселувањето, но главно станува збор за инвестирање на заштедите на граѓаните во недвижнини.

Државниот завод за статистика прослави 77 години од своето постоење, а вчера беше и Светски ден на статистиката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ