• Latest

Симовски: Погрешно е мислењето дека Избирачкиот список најдобро може да се прочисти со попис на населението

October 11, 2018

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Симовски: Погрешно е мислењето дека Избирачкиот список најдобро може да се прочисти со попис на населението

October 11, 2018 10:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е погрешно размислувањето во јавноста дека Избирачкиот список најдобро може да се прочисти со спроведување попис на населението и впарување на податоците од двете бази на податоци, вели за МИА директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. 

Како што објаснува, ова е невозможно од повеќе причини.

– Избирачкиот список ги содржи сите државјани на РМ постари од 18 години, независно дали се во земјата или каде било во странство. Категоријата „вкупно население“ од пописот ги вклучува сите државјани на РМ присутни во земјата во критичниот момент на пописот, сите отсутни државјани од земјата, но не подолго од една година, и сите присутни странци подолго од една година. Избирачкиот список е административна база на податоци, додека Пописот на населението е статистичко истражување и има сосема поинакви цели, истакнува директорот.

Според него, Законот за заштита на личните податоци и Законот за државната статистика не дозволуваат податоците да се користат за какви било цели, освен статистички.

Во врска со пописот најавен за 2020 година, Симовски е дециден дека ќе се спроведе, за што, информира, веќе течат и подготовките. Притоа, се преземаат сите мерки за процесот да се одвива без какви било политички влијанија.

– Државниот завод за статистика интензивно се подготвува за најавениот попис во 2020 година. Сите подготовки одат согласно предвидената динамика. Со оглед на тоа што единствената причина за пропаѓањето на претходниот попис беше огромното политичко влијание врз оваа, инаку статистичка операција, ги преземаме сите неопходни мерки ваквата ситуација да не се повтори. Пописот ќе го спроведе ДЗС, а не некаква државна пописна комисија, која беше класично политичко тело, потенцира директорот.

Уште еднаш потсетува дека пописот ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод што подразбира истовремено собирање податоци на терен и користење податоци содржани во повеќе бази на податоци, што овозможува покрај преземањето одредени податоци директно од регистри, истовремено вршење проверка на точноста и на податоците добиени со непосредно попишување.

– Сите учесници во пописот ќе бидат многу подобро обучени отколку во 2011 година. Ќе се спроведе попишување и на лицата кои се отсутни во странство подолго од една година – што, исто така, не беше случај во 2011 година, подвлекува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ